Уставниот суд на седница во среда ќе го преиспитува актот со кој беше повлечена аболицијата од поранешниот претседател Иванов во 2016 за 50-на тогашни функционери, кои претходно беа помилувани.
Вести
-
Македонија 29.11.2019 15:35
-
Македонија 29.11.2019 15:05
Францускиот предлог за преговори има добри идеи
Никој во ЕУ не смета дека Западниот Балкан треба да остане надвор од Унијата, но се бара начин како да се постигне евроинтеграцијата, оцени австрискиот професор Бибер на дебатата „ЕУ и Западен Балкан- моментална состојба и идни сценарија“ во Скопје.
-
Македонија 29.11.2019 12:43
Се гради квалитетно, новите објекти можат да издржат земјотрес од 9 степени
Се прави дополнителна техничка контрола на проектите за градба, а поголемите објекти се контролираат на терен, велат од Институтот за земјотресно инженерство. Оттаму дополнуваат и дека во земјава се гради квалитетно.
-
Македонија 29.11.2019 12:39
Дескоска: Собранието да го спречи активирањето на пoмилувањата на Иванов
Уставниот суд со мнозинство гласови донесе одлука да се преиспита уставноста на актот со кој беше повлечена аболицијата на Иванов за 50-ина тогашни функционери. Ќе се разгледува на седницата во среда.
-
Свет 29.11.2019 12:22
Европскиот парламент прогласи климатска криза
Европскиот парламент усвои резолуција за прогласување на климатска и еколошка криза во Европа и во светот. Незадоволни од постојната, европратениците подготвуваат поамбициозна агенда фокусирана на решавање на клучните прашања во глобалниот проблем чиишто последици се одамна очигледни.
-
Македонија 29.11.2019 11:15
Негувателка осомничена за запуштање и малтретирање на две деца
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Запуштање и малтретирање дете.
-
Македонија 29.11.2019 11:03
Компјутерска опрема за училиштата во Општина Валандово
Во ООУ „Страшо Пинџур“ Јосифово, ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово и СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, деновиве се инсталира нова компјутерска опрема со која целосно ќе се опремат новите училници по информатичка технологија.
-
Свет 29.11.2019 10:58
Трамп: Талибанците сакаат договор
„Талибанците сакаат договор“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред своите војници во Авганистан за Денот на благодарноста. Ненајавената посета следува по размената на затвореници со Талибанците во рамките на обидот да продолжат мировните преговори кои беа прекинати во септември.
-
Свет 29.11.2019 10:26
Тлото во Албанија не престанува да се тресе, расте бројот на жртви
Нови земјотреси го тресат тлото на Албанија. Два последователни земјотреси со јачина од 3,8 и 3,3 степени ја погодија земјата синоќа околу 21:30 часот. Епицентарот бил на 20-ина километри северозападно од Тирана.
-
Македонија 29.11.2019 10:13
Јункер: Неотворањето преговори со Македонија и Албанија е срамно
„Ако силата на Европа лежи во тоа да бидеме партнер од доверба, нашата слабост лежи во тоа што не ги одржуваме нашите ветувања.







