Британската премиерка Тереза Меј во Брисел на средби со лидерите на земјите-членки на ЕУ. Главна тема е предложеното одложување на рокот за Брегзит кој е планиран за 29 март. Во писмо до Брисел, Меј бара пролонгирање на стапувањето во сила на членот 50 до 30 јуни.
Вести
-
Свет 21.03.2019 14:28
-
Македонија 21.03.2019 14:26
Маркетите им ја земаат работата на пазарите
Продавачите на зелените пазари се жалат дека секоја година прометот им се намалува. Ова се должи на се поголемата понуда на овошје и зеленчук во трговските маркети кои полека го преземаат бизнисот на продажбата на земјоделските производи.
-
Свет 20.03.2019 16:02
Пресуда за Радован Караџиќ
Конечна пресуда од Механизмот за меѓународни казнени судови во Хаг за првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ. Обвинет е за најтешки воени злосторства извршени на европската територија по Втората светска војна, вклучувајќи ги геноцидот во Сребреница и опсадата на Сараево.
-
Македонија 20.03.2019 16:00
Оглас од Платежна агенција за ИПАРД 2
На последниот оглас за средствата од ИПАРД 2 програмата до Платежната агенција се поднесени 1.164 барања во износ од 33 милиони евра.
На повикот кој траеше до февруари беа понудени две мерки . -
Свет 19.03.2019 13:32
Соработници на Гуаидо презедоа објекти во САД
Претставници на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо презедоа контрола над три нивни дипломатски објекти на Венецеуела во САД. Заземени се две згради на Министерството за одбрана кои припаѓаат на Венецуела во Вашингтон и една конзуларна во Њујорк.
-
Економија 19.03.2019 13:28
Закон за финансиска поддршка на инвестиции
Целта е целосно искористување на предвидените 65 милиони евра во државната каса за годинава, како и надминување на воочените слабости во регулативата, на што укажувале компаниите.
Билјана Пеева-Стопанска комора на Македонија
-
Свет 19.03.2019 11:24
Се утврдуваат мотивите за нападот во Утрехт
Холандската полиција ги утврдува мотивите за смртоносниот напад во холандскиот град Утрехт. 37-годишниот Турчин Ѓокмен Танис усмрти три лица во трамвај и рани неколкумина. Потоа успеа да им побегне на полициските офицери кои речиси цел ден трагаа по него пред конечно да го уапсат.
-
Македонија 19.03.2019 11:21
Нови правила за свињарските фарми
На барање на свињарски фарми, Агенцијата за храна и ветеринарство ги презентираше процедури кои се однесуваат на стекнувањтое на статусот на таканаречено „ слободно одгледувалиште од болеста трихинелоза“.
-
Економија 18.03.2019 16:00
Нови цени на горивата
Бензинот од 95 октани поскапува за 1,5 денар и ќе се продава за 66 денари за литар.. За еден денар повисока цена добива 98-октанскиот бензин, а ќе се продава за 67,5 денари за литар.. Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за половина денар..
-
Македонија 18.03.2019 11:02
Пријавување на ново производство на тутун
Пред да склучат договори за откуп, најдоцна до 31 март, тутунарите мораат да го пријават новото производство за оваа година.










