Вести

  • Македонија 28.03.2019 10:54

    Од 1 мај нови декларации за меленото месо

    Од први мај почнуваат ветеринарните контроли за квалитетот на меленото месо.

    Месарниците и месната индустрија ќе мора да се прилагоди на новите правила за декларација на производите.

  • Свет 27.03.2019 13:47

    Парламентот со серија гласања за Брегзит

    Пратениците во Вестминстер со серија гласања се во потрага по сценарио за Брегзит што би имало најголема поддршка во Долниот дом. Меѓу предлозите се и откажување, но и Брегзит без договор.

  • Македонија 27.03.2019 11:26

    Поддршка за регистрација на локални акциски групи

    За почнување на работата на локалната акциска група или скратено ЛАГ основачите имаат право на финансиска поддршка.
    Прифатливи се трошоците за закуп и одржување на просториите, канцелариски мебел, материјали, компјутери и друга опрема за работа на ЛАГ-от.

  • Свет 26.03.2019 12:24

    Пратениците презедоа контрола за Брегзит

    Нов пораз за Владата на премиерката Тереза Меј откако со 329 гласа „за“ и 302 “против“ беше изгласан меѓупартиски амандман кој овозможува серија гласања за опциите за излез на Обединетото Кралство од Европската Унија.

  • Македонија 26.03.2019 12:22

    Оглас за поддршка на локални акциски групи

    На огласот кој ќе трае до 18 април регистрираните лагови имаат право на финансиска поддршка од вкупно 13 милиони денари, а обезбеден е и дополнителен еден милион денари за формирање на нови локални акциски групи.

  • Економија 26.03.2019 11:17

    Од 1 април исклучените нема да плаќаат надоместок

    Регулаторната комисија за енергетика реши исклучените 11 илјади  потрошувачи од топлификацискиот систем од  1 април повеќе да не плаќаат фиксен надоместок.

  • Свет 25.03.2019 13:46

    Повредени во ракетен напад од појасот Газа

    Неколкумина повредени во ракетен напад од Појасот Газа. Цел на гранатирање  била  семејна куќа во село, 80 километри оддалечено од местото каде што е истрелана ракетата.

    Се разбудивме од звукот, не од предупредувањето. Не ја слушнавме сирената.

  • Македонија 25.03.2019 10:43

    Ниска откупна цена на јагнешкото

    И годинава, пред извозниот шпиц за велигден откупните цени на јагнешкото ги разочараа овчарите. Во моментов за прва класа јагниња трговците нудат по 140 денари за килограм жива мера иако пресметките покажуваат дека производствената цена чини 182 денари за килограм.

  • 22.03.2019 14:23

    Лондон доби два рока за Брегзит

    По маратонски преговори, ЕУ го прифати барањето на Обединетото Кралство за одложување на датумот за излез од блокот, но не и терминот на 30 јуни. За Брегзит, Британците треба да изберат меѓу 12 април или 22 мај. Причина за поместување на датумот се изборите за Европскиот Парламент.

  • Македонија 22.03.2019 14:20

    Финансиска поддршка за набавка на добиток

    Неповратната финансиска помош изнесува  најмалку 50 проценти од трошоците за набавката на високо стелни јуници,со исклучок на расата буша, и за машки и женски приплодни грла овци и кози.

    Последниот рок за поднесување на барањата е до 11-ти април.

Pages