Шест турбини ќе се градат како дел од втората фаза од Ветерниот парк Богданци. 21 милион евра ќе чини изградбата од кои 18 милиони се заем од германската КХВ банка. Кредитот е на 12 години со три години грејс период и каматна стапка од 1.15 проценти.
Вести
-
Економија 13.12.2018 13:53
-
Свет 13.12.2018 13:19
Повеќе загинати во железничка несреќа во Турција
Најмалку девет лица загинаа, над 40 се повредени кога брз воз, што сообраќал од Анкара кон Коња удрил во локомотива за контрола на пругата. Два вагона излетале од шините. Меѓу жртвите се и тројцата машиновозачи. Несреќата се случила непосредно откако возот ја напуштил станицата во Анкара.
-
Култура 13.12.2018 13:15
Вработените во културните институции очекуваат подобри услови за работа
Културата е на дното- оценка на работници од оваа област. Отворање работни места и повисоки плати, се клучните барања. Велат дека примањата се потценувачки. Се надеваат дека со коефициентите што се предложени во новиот закон ќе имаат подобри услови за работа.
-
Македонија 13.12.2018 13:08
Политиката да ги тргне рацете од религијата
Македонија е уставно декларирана како секуларна држава, но во практика лесно може да се препознае блиската врска меѓу религијата и политиката, вели ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски.
-
Македонија 13.12.2018 12:52
Филипче: Се бара начин паркингот да се врати на комплексот клиники „Мајка Тереза“
Се бара начин паркингот да се врати на комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Kлиничкиот центар да управува со него.
-
Македонија 13.12.2018 12:46
Отец Пимен сведочеше за „27 април“
Со давање исказ на Владиката Пимен, предложен како сведок од обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен, во Кривичниот суд продолжи рочиштето за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија.
-
Македонија 13.12.2018 12:39
Папата Франциск на 7-ми мај ќе ја посети Македонија
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на 7-ми мај наредната година ќе ја посети Република Македонија, соопшти владината прес- служба.
-
Свет 13.12.2018 12:36
Вашингтон: Крај на воената поддршка за Саудиска Арабија во Јемен
Американскиот Сенат усвои резолуција со која се повикува претседателот Трамп да ја запре поддршката за учесниците во вооружениот конфликт во Јемен.
-
Свет 13.12.2018 11:54
Тереза Меј го преживеа гласањето за доверба
Британската премиерка Тереза Меј која го преживеа гласањето за доверба, изјави дека ја продолжува работата околу Брегзитот и дека е потребно политичарите да се обединат.
-
Свет 13.12.2018 11:19
Продолжува потргата по напаѓачот во Стразбур
Стотици француски полицајци ја продолжуваат потрагата по напаѓачот кој со извици „Господ е голем“ на арапски јазик отвори оган на божикниот пазар во Стразбур.
Во нападот загинаа три лица, а 12 беа ранети. Француската полиција го идентификува напаѓачот како Чериф Чекат.










