Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта вработува по партиски клуч. Не се ценат стручноста и образованието туку само партиската книшка, изјави портпаролот Стоилковски.
Вести
-
Македонија 12.12.2018 13:14
-
Македонија 12.12.2018 13:04
Уставен суд: Иницијативи за оценка на одлуката за измени на Уставот
Уставниот суд врз основа на две поднесени иницијативи од Светскиот Македонски Конгрес и од физичко лице од Свети Николе ги оценува законитоста и уставноста на собраниската одлука за пристапување кон измена на највисокиот правен акт.
-
Економија 12.12.2018 12:59
Во Македонија има 200 лиценцирани ревизори, уште 100 чекаат дозвола за работа
Во земјава има над 200 ревизори, уште стотина чекаат лиценца. Оваа професијата зема сè поголем замав, бидејќи европските регулативи и имплементацијата на меѓународните стандарди ја прават неопходна, велат од Институтот на овластени ревизори.
-
Свет 12.12.2018 12:54
Терористички напад во Стразбур: Уапсени пет лица, напаѓачот во бегство?
Француската полиција во потера по мажот кој уби тројца, а рани 13 лица на божиќниот базар во Стразбур. Уапсила пет лица, додека пак напаѓачот е сѐ уште на слобода. Постојат сомнежи дека тој би можел да избега во соседна Германија. Осуммина од повредените се во тешка состојба.
-
Свет 12.12.2018 12:37
Финансиската директорка на „Хуавеј“ ослободена со кауција
Судот во Канада ја ослободи со кауција од седум милиони долари финаниската директорка на Хуавеј, Менг Ванжу која пред десетина дена беше уапсена по налог на САД кои бараат нејзина екстрадиција.
-
Македонија 12.12.2018 12:34
Вработените во Клиничкиот центар и денеска на протест
Вработените во Клинички повторно ја искористија паузата од половина час за протест, незаводолни од одлуката на градските власти за зголемување на цената на паркингот во кампусот за 500 денари. Иако најавија, не ги блокираат наплатните рампи. Чекаат ресорниот министер да го реши проблемот.
-
Економија 12.12.2018 11:58
НБРМ ја олабави монетарната политика, намалена основната каматна стапка
Народна банка ја олабави монетарната политика. Донесена е одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 на 2,5 проценти.
-
Македонија 12.12.2018 11:48
Нова средба на интерпартиската парламентарна група за помирување
Во Собранието нова средба на интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција.
-
Свет 12.12.2018 11:01
Лажна закана за бомба во седиштето на „Фејсбук“
Објект на „Фејсбук“ во градот Менло Парк, во Калифорнија синоќа бил евакуиран поради закана од бомба.
Во зградата каде што имало вработени на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, веднаш биле испратени спацијални единици, но не биле најдени никакви експлозивни направи.
-
Македонија 12.12.2018 10:48
Уставните измени пред Уставен суд
Уставниот суд, врз основа на две поднесени иницијативи од Светскиот македонски конгрес и од физичко лице од Свети Николе, ќе ги оценува законитоста и уставноста на собраниската одлука за пристапување кон измена на највисокиот правен акт.










