Речиси двесте средношколци од Тетово излегоа на протест поради аерозагадувањето. Учениците не присуствуваа на првите часови од наставата и маршираа до зградата на општината.
Вести
-
Македонија 29.11.2018 13:17
-
Македонија 29.11.2018 13:11
Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата за Македонија
Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата за Македонија, одбиени се сите амандмани, при гласањето за резолуциите за земјите од Западен Балкан нашата земја доби најголема поддршка од европратениците.
-
Македонија 29.11.2018 12:55
Владата ќе го субвенционира печатењето и дистрибуцијата на пишаните медиуми
Владата ќе го субвенционира печатењето и дистрибуцијата на пишаните медиуми. 50 милиони денари ќе бидат распределени според определени критериуми во согласност со меѓународните стандарди. Еден од нив ќе биде медиумот да ги има платено сите обврски кон државата и придонесите на сите вработени.
-
Свет 29.11.2018 12:44
Пелоси кандидат за претседател на Долниот дом
Демократите во Претставничкиот дом ја номинираа Ненси Пелоси за нов претседател на Долниот дом на Конгресот на САД. Пелоси веќе ја извршуваше таа функцијата во периодот 2007-2010 година.
-
Свет 29.11.2018 11:54
Грузија: Саломе Зурабишвили победик на изборите
Саломе Зурабишвили, поддржана од владејачката партија „Грузиски сон“, победи на претседателски избори во Грузија, освојувајќи речиси 60 насто од гласовите. Сепак, опозицијата ѝ ја оспорува победата.
-
Економија 29.11.2018 11:21
Светска банка со позитивна оценка за социјалната реформа
Светска банка дава позитивна оценка за реформите на системите за социјална и детска заштита, предложени од Министерството за труд и социјална политика, со кои се очекува трајно да се намали сиромаштијата во Македонија и да се обезбедат еднакви услови за раст и развој за секое дете.
-
Свет 29.11.2018 11:17
Гутереш: Повеќе храброст за справување со проблемите
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика лидерите на земјите од Г-20 да заземат посилна лидерска улога и да преземаат похрабри акции заради справување со критичните проблеми предизвикани од климатските промени кои водат до нееднаквост на планетата.
-
Култура 29.11.2018 11:13
Почина академик Блаже Ристовски
Почина академик Блаже Ристовски, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Ќе остане во сеќавање неговата целосна посветеност кон работата, кој со зрелоста на неговите научни достигнувања значајно придонесе во афирмацијата на македонската историографија.
-
Македонија 29.11.2018 11:04
Димитров на состанок за министри за надворешни работи на Западен Балкан во Будва
Делегација на Министерството за надворешни работи, предводена од министерот Никола Димитров, денес и утре во Будва ќе учествува на состанок на Министрите за надворешни работи на Западен Балкан, во организација на црногорското МНР.
-
Македонија 29.11.2018 10:56
Мијалков спроведен во Судот за „Трезор“
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска со полициска придружба беше спроведен во Кривичниот суд од затворот Скопје каде што издржува 30-дневен притвор.










