Американскиот претседател Трамп го откажа состанокот со неговиот руски колега Путин поради инцидентот меѓу Украина и Русија во теснецот Керч во кој беа запленети украински бродови.
Вести
-
Свет 30.11.2018 15:14
-
Економија 30.11.2018 15:05
Објавен трет повик за субвенции на нискобуџетни авиокомпании
До крајот на годинава се очекува да биде избрана нискобуџетната авиокомпанија што ќе добие субвенции од државата. Објавен е јавниот повик. Министеротот за транспорт и врски вели дека се прават првични анализи за национален оператор во авиосообраќајот. Пари има, се утврдува оправданоста.
-
Македонија 30.11.2018 14:53
Годинава 41 нов случај на ХИВ позитивни пациенти
Годинава, регистрирани нови 41 случај на ХИВ- позитивни пациенти. Сите се машки, на возраст од 21 до 51 година. Најголемиот дел се заразиле преку хомосексуелен однос. Починале тројца.
-
Македонија 30.11.2018 14:45
Уставните измени во втора фаза на утрешната собраниска седница
Седницата за нацрт- амандманите на Уставот за спроведување на Договорот од Преспа што почнува утре може да трае најмногу до 12 дена.
-
Македонија 30.11.2018 14:37
Постигната согласност за помирување, црвените линии не смее да се поминат
Позитивна волја во телото постои, ќе ги слушнеме стручните аспекти за низ следните чекори да започне помирувањето- изјави премиерот Зоран Заев по состанокот на собраниското тело за помирување.
-
Македонија 30.11.2018 14:29
Обвинителството прислушувано повеќе од две години
Повеќе од две години, седумдесетина обвинители сместени во зградата на кејот биле прислушувани, а сите разговори што ги воделе преку фиксната телефонија се снимале на два хард диска. За ова информираше републичкиот обвинител Љубомир Јовески.
-
Македонија 30.11.2018 14:24
„Усје“: Не сме виновни за загадувањето во Скопје
И покрај многубројните реакции од скопјани на социјалните мрежи, менаџментот на Цементарница „Усје“ тврди дека строго се контролира она што излегува од оџаците.
-
Свет 30.11.2018 14:18
Сиднеј: Протести против климатските промени
Илјадници деца ја напуштија наставата во училиштата низ Австралија, во знак на протест поради неактивноста на Владата во врска со климатските промени.
Деца, родители и наставници на пладне се собраа во централната деловна област на Сиднеј со барање за оставка на премиерот Скот Морисон.
-
Свет 30.11.2018 14:14
Белгија одбива да отвори повеќе места за азил
И покрај постојаниот раст на бројот на баратели на азил, државниот секретар за азил и миграција на Белгија, Тео Франкен одбива да отвори дополнителни места.
Белгиските медиуми пишуваат дека тој решил да го намали и постоечкиот капацитет за сместување на општините.
-
Македонија 30.11.2018 13:13
Премиерот Заев на состанок на телото за помирување
Собраниската интерпартиска парламентарна група за интеграција, реформи и помирувањеденеска го одржа вториот состанок, на кој учествуваше и премиерот Заев.









