Доналд Туск потврди - Европскиот совет за Брегзит ќе се одржи на 25-ти ноември. Според него, главниот преговарач, Мишел Барние успеал да ги одбрани европските интереси и да ја ограничи штетата од одлуката на Велика Британија да го напушти блокот.
Вести
-
Свет 15.11.2018 15:33
-
Македонија 15.11.2018 15:07
Заев- Борисов: Имплементацијата на договорот за добрососедство оди многу добро
Имплементацијата на договорот меѓу нашите две земји оди многу добро, оцени премиерот Заев по средбата со неговиот бугарски колега Борисов. Според него, економската соработка никогаш не била подобра. Ќе се отвораат нови гранични премини. Се градат патната, железничката и гасната инфраструктура.
-
Македонија 15.11.2018 14:58
Сијарто: За азилот на Груевски унгарските власти ќе решаваат според меѓународното право
Барањето за азил на поранешниот премиер Никола Груевски е правно, а не политичко прашање, и унгарските власти ќе одлучуваат според меѓународното право. Ова, во телефонски разговор, му го соопштил шефот на унгарската дипломатија Петар Сијарто на македонскиот колега Никола Димитров.
-
Македонија 15.11.2018 14:48
Обвинителството истражува- службени лица му помогнале на Груевски да избега
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција почна предистражна постапка за бегството на Никола Груевски во Унгарија. Предметот е оформен по допрен глас, информираат од Обвинителството.
-
Македонија 15.11.2018 14:35
Владата ќе се бори со аерозагадувањето со 1,5 милиони евра
Со 1,5 милиони евра, Владата ќе се бори со аерозагадувањето. Претставен е документ- насловен „План за чист воздух“. Ќе се реализира во наредните две години.
-
Македонија 15.11.2018 14:29
СДСМ бара одговори од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за неговата улога во бегството на Груевски
Одговорноста за движењето, за методите и начинот на бегството на Никола Груевски е во власта, кај Зоран Заев и кај Оливер Спасовски, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 15.11.2018 13:54
Обвинителството почна предистражна постапка за бегството на Груевски
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите во врска со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет по допрен глас.
-
Македонија 15.11.2018 13:51
Бошњаковски: Деновиве ќе биде доставено барањето за екстрадиција на Груевски
До унгарското Министерство за правда деновиве ќе биде доставено барањето со целокупната документација за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
-
Македонија 15.11.2018 13:01
Телефонски разговор Сијарто- Димитров за азилот на Груевски
Барањето за азил на поранешниот премиер Никола Груевски е правно, а не политичко прашање, и унгарските власти ќе одлучуваат според меѓународното право. Ова, во телефонски разговор, му го соопштил шефот на унгарската дипломатија Петар Сијарто на македонскиот колега Никола Димитров.
-
Македонија 15.11.2018 12:55
Правниците со различни ставови за случајот со екс- премиерот Груевски
Правниците со различни коментари за случајот на поранешниот премиер, Никола Груевски. Според судијката Маргарита Цаца Николовска, неиздражни се наводите за закани по неговиот живот, бидејќи тоа не било пријавено во институциите, а имал и телохранители.










