Од 21-ви до 27-ми ноември во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани седум филмови од шпанската кинематографија. Неделата на шпански филм в среда ќе почне со филмот „Добредојдовте господине Маршал“ на режисерот Луис Гарсија Берланга од 1953 година.
Вести
-
Култура 19.11.2018 11:13
-
Македонија 19.11.2018 11:07
Одложено рочиштето за собраниските настани од 27-ми април
Судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија денеска не се одржа, бидејќи, како што велат од Кривичниот суд, за тоа се договориле на минатото рочиште судијата, обвинителите и адвокатите. Ново рочиште за „27-ми април“ е закажано за утре.
-
Свет 19.11.2018 11:04
Бугарија: Нови протести против системот на државата
Бугарите протестираат против превисоките цени на горивото, зголемените трошоци за живот, сиромаштијата и корупцијата.
Во Софија демонстрантите со транспаренти „Народот против партиите“ и „Мораме да ги спречиме демографскиот колапс и геноцид“, побараа оставки и референдум.
-
Економија 19.11.2018 11:01
Откупот на тутунот може да почне
Откупот на тутунот може да почне. Законот предвидува вратите на монополите да се отворат од 15-ти ноември најдоцна до 15-ти декември, во кој рок деветте откупувачи кои склучија договори со тутунарите мора да почнат со преземање на родот.
-
Македонија 19.11.2018 10:58
Укинати забраните на патиштата, сообраќајот по влажни коловози
„Македонија пат“ соопшти дека се укинати сите забрани и ограничувања на патиштата што беа предизвикани од снежните врнежи, и сообраќајот е нормализиран на сите патни правци.
-
Македонија 19.11.2018 10:57
Седница на собраниската Комисија за здравство
Собраниската Комсија за здравство денеска ќе одржи седница на која ќе расправа за предлог- законот за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита, во прво читање.
-
Македонија 19.11.2018 10:54
Собраниска делегација на Парламентарното собрание на НАТО во Канада
Македонска делегација, предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, учествува на 64-тата годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, што ќе се одржи во Халифакс, Канада.
-
Македонија 19.11.2018 10:52
Продолжува судењето за случајот „Монструм“
Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12-ти април 2012-та година. На минатото рочиште беа сослушани три вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила.
-
Економија 19.11.2018 10:50
Анѓушев и Бектеши на 15-от Виенски Економски форум
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествуваат на 15-от Виенски Економски форум.
-
Македонија 19.11.2018 10:47
Средба на премиерите на земјите од Западен Балкан во Виена, Заев го откажа учеството
Средба на премиерите од Западен Балкан во Виена во организација на австрискиот канцелар Себастијан Курц. Ќе присуствуваат и еврокомесарите за проширување и за дигитално општество, Јоханес Хан и Марија Габриел.










