Mинистерот за Европа и Америка во британскиот Форин офис, Сер Алан Данкан, во работна посета на Република Македонија. Ќе има средба со вицепремиерот анѓушев. Ќе биде потпишан и меморандум за соработка.
Вести
-
Македонија 18.09.2018 10:50
-
Свет 18.09.2018 10:33
Путин и Ердоган договорија демилитаризирана зона во Идлиб
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот шеф на државата Реџеп Тајип Ердоган постигнаа договор за формирање на демилитаризирана зона во Идлиб за да се избегне воена операција што се најавува веќе неколку недели.
-
Македонија 18.09.2018 10:21
Хан: На 30-ти септември ја определувате својата иднина
Вашата земја ја има поддршката од меѓународната заедница. Доказ за тоа се секојдневните посети од европските политичари, вели еврокомесарот Јоханес Хан. Уште еднаш повика граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат.
-
Свет 18.09.2018 10:00
Средба на лидерите на двете Кореи
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае- ин пристигна во Пјонгјанг на трет состанок со лидерот на северна Кореја Ким Јонг-ун.
Дводневната посета е подготовка за разговорите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон чијашто цел е да се стимулира таканаречената „нуклеарна дипломатија“.
-
Економија 17.09.2018 16:13
Владата ќе објави тендер за универзален снабдувач со струја на домаќинствата
Околу 28 лиценцирани компании ќе можат да се јават на тендерот за универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата. Изборот треба да биде извршен до крајот на годинава, за граѓаните од март да одлучат од кого ќе купуваат струја.
-
Македонија 17.09.2018 16:07
Продолжува кампањата за референдумот на партиите од албанскиот кампус
Референдумот на 30-ти септември значи стратегиска цел, силна и сигурна држава и подобра иднина за генерациите, рече лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети на трибината во Кичево.
-
Македонија 17.09.2018 15:54
Матис: Референдумот е најважниот глас во вашата историја
Подготвени сме да ве дочекаме во НАТО ако така решите, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис. Искажа силна поддршка за Договорот од Преспа кој, како што рече, е единствената шанса за иднината на земјава.
-
Македонија 17.09.2018 15:29
Обвинувања по убиството во Беловодица
Полицаецот Енвер Тоска кој брутално го уби 36- годишниот битолчанец бил примен на работа во МВР во времето кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, вели министерот Спасовски.
-
Македонија 17.09.2018 14:45
Метео: Продолжува периодот на сончево и топло време
Утре во Македонија се очекува сончево време со умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 31 степен. Скопје утре со дневна температура од 29 степени.
-
Економија 17.09.2018 14:38
Сугарески: Изгрaдбата на автопатот Миладиновци- Штип e во завршна фаза
Се очекува до средината на идниот месец да заврши изградбата на автопатот Миладиновци- Штип, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по увидот на целата траса.








