На настапот на Заев во Стразбур реагираше ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, лицемерно е Зоран Заев, човекот што бега од дебата, да зборува за европски вредности.
Вести
-
Македонија 13.09.2018 15:52
-
Македонија 13.09.2018 15:49
За Македонија е клучно да изгради функционална демократија
На Европската унијa ѝ претстојат избори и оттаму постои загриженост од напливот на мигрантите и загрозување на националниот идентитет. Експертите велат, очигледен е подемот на екстремно десните, но и на левите политички сили кои се противат на проширувањето со Западен Балкан.
-
Економија 13.09.2018 15:40
ЕЛЕМ: Подготвени сме за либерелизација на пазарот на струја
ЕЛЕМ продаде вишок електрична енергија во количество од речиси 10 илјади мегават часови, за вкупна сума од 6 милиони 560 илјади евра. Раководството уверува, подготвени се за новата грејна сезона и за либерализираниот пазар на струја.
-
Свет 13.09.2018 15:34
Пристигнува „Флоренс“, во тек евакуација
Властите во Јужна и во Северна Каролина ги затворија пристаништата пред налетот на ураганот „Флоренс“. Американскиот претседател Трамп порача дека заштитата на животите на луѓето е највисок приоритет. Ги повика сите што живеат на патот на Ураганот да ги послушаат наредбите за евакуација.
-
Свет 13.09.2018 15:28
Реакции по активирањето на „нуклеарната опција“ од ЕП
Унгарија и Полска ги здружуваат силите откако Европскиот парламент со двотретинско мнозинство одобри активирање на т.н. „нуклеарна опција“ за Владата во Будимпешта којашто ја обвинуваат за континуирано прекршување на демократските закони и основните европски вредности, но и за корупција.
-
Македонија 13.09.2018 15:25
Метео: Продолжува сончевото и топло време
Сончевото и топло време во Македонија со мала до умерена облачност продолжува и утре.
Највисоката дневна температура ќе достигне до 33 степени. Во текот на викендот и натаму ќе преовладува сончево и стабилно време со благ пораст на температурите.
-
Економија 13.09.2018 15:23
Нов начин на поднесувње даночна пријава
Пензионерите нема да бидат изземени од реформата на УЈП. И тие ќе треба да научат како да се регистрираат на електронскиот систем Е- песонален данок, а потоа УЈП ќе им ја пополни даночната пријава.
-
Македонија 13.09.2018 15:09
Одложено рочиштето за предметот „Таргет- Тврдина“
Судот го одложи денешното рочиште за предметот „Таргет- Тврдина“ за незаконско следење на комуникациите. Судењето ќе почне од почеток.
-
Македонија 13.09.2018 15:06
Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
Продолжи судењето за настаните во собранието на 27-ми април. Прв на денешното рочиште сведочеше пратеникот на партијата за движење на турците, Енес Ибрахим.
Судењето продолжува со сведочењето на Петар Атанасов, поранешен пратеник, сегашен заменик министер за образование.
-
Македонија 13.09.2018 15:03
Ѕанакопулос: Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал Еф Ем“, уште еднаш го повтори ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент.










