Вулканот Шинмоедаке во Јапонија во експлозивна ерупција исфрли чад повеќе илјади метри во висина.
Во Осака претходно беше регистриран земјотрес од 6,1 рихтер. Загинаа пет лица, меѓу кои и деветгодишна ученичка, додека стотина се повредени.
Вулканот Шинмоедаке во Јапонија во експлозивна ерупција исфрли чад повеќе илјади метри во висина.
Во Осака претходно беше регистриран земјотрес од 6,1 рихтер. Загинаа пет лица, меѓу кои и деветгодишна ученичка, додека стотина се повредени.
Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон идната недела оди во Москва за да го организира евентуалниот состанок на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.
Со одлука на општинскиот совет, денеска во Велес е Ден на жалост поради погребот на трите деца што завчера го загубија животот во пожар во семејната куќа во високиот дел на градот на ридот Вршник.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се сретне со претставници од Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичка војна на Македонија.
Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис на покана на неговиот скопски колега Петре Шилегов, денеска ќе го посети Скопје за да присуствува на дел од настаните што се организираат во рамки на одбележувањето на 55 - годишнината од земјотресот во Скопје.
Реципрочните трговски мерки на Европската унија против најавените царини на САД врз челик и алуминиум стапија во сила.
Европските царини генерално ќе бидат од околу 25 отсто. Според официјален извор, унилатералната и неоправдана одлука на САД не им остава друг избор.
Христијан Мицкоски не им се извини на граѓаните за пустошот што криминалното владеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ го остави во Македонија.
Потпишаниот договор со Грција е капитулантски чин со кој е прифатен ултиматумот на Грција и сто проценти од нивните барања. Тој ја обврзува само Македонија, а не и Грција.
Кредитирањето во земјоделството не треба да ги надомести само ограничените финансиски можности на земјоделците.
Министрите за финансии на Eврoзоната се договорија за условите за излегување на Грција од третата спасувачка програма. Ќе ѝ доделат 15 милијарди евра од последната транша и ќе го продолжат рокот за враќање на дел од кредитите до 10 години.