Македонија доби условен датум за почеток на преговорите со Унијата во јуни 2019-та. Треба да се завршат реформите во повеќе области. Ова беше тешка дискусија која траеше повеќе од 10 часа, изјави претседавачот, министерката за надворешни работи на Бугарија, Захариева.
Вести
-
Македонија 27.06.2018 10:03
-
Економија 27.06.2018 09:53
Предлози за нов информациски систем за управување во патниот и товарниот сообраќај
Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за транспорт и врски денеска организираат презентација на предложените решенија пристигнати на повикот за изнаоѓање иновативно решение за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај „ПристАПП транспорт“.
-
Македонија 27.06.2018 09:50
Собранието домаќин на 98-от РОС- РОТ Семинар
Од денеска до петок во македонското Собрание ќе се одржи 98-от РОС- РОТ Семинар. Семинарот е во организација на Парламентарното собрание на НАТО во соработка со Собранието на Република Македонија на тема „Евроатланска интеграција на Западен Балкан: Зајакнување на Европскиот мировен проект“.
-
Македонија 26.06.2018 15:23
Народен правобранител: Состојбата во казнено-поправните установи е очајна
Очајнa е состојбата во казнено-поправните установи, информираат од канцеларијата на Народниот правобранител.
-
Економија 26.06.2018 13:53
Премиерот Заев очекува зголемен број инвестиции од Австрија
Премиерот Заев е во официјална посета на Австрија. Оствари средба со бизнисмени од оваа земја. Премиерот посочи дека очекува отворање на евроатланските интеграции, со што стануваме атрактивна дестинација за инвестирање.
-
Култура 26.06.2018 13:47
Кинотека на Македонија меѓу најдобрите арт кина во Европа
Кинотека на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт кина во Европа според блогот „Spotted by locals“. На блогот се објавени водичи за 71 град креирани од локални жители кои пишуваат за нивните омилени места во градот.
-
Економија 26.06.2018 13:46
Механизам за заштита на правата на потршувачите
Одложување на авионски лет, недостиг од одреден производ, злоупотреба на личните податоци. Ова се најчестите проблеми со кои се соочуваат потрошувачите, велат од организацијата за нивна заштита. Сметаат дека граѓаните треба да се информираат за своите права.
-
Македонија 26.06.2018 13:30
Пендаровски: Македонија заслужува членство во НАТО
Македонија заслужува покана и полноправно членство во НАТО, смета националниот координатор Стево Пендаровски. Владата е свесна дека поканата зависи од успешно спроведување на реформите, но и престојниот референдум за Договорот со Грција.
-
Македонија 26.06.2018 13:24
Обвинителството ја истражува сообраќајната несреќа во која загинаа двајца мигранти
Обвинителството работи на расветлување на околностите под кои се случи сообраќајната несреќа во којашто животот го загубија двајца мигранти, а повеќемина беа повредени. Во товарното возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки се превезувале 23 мигранти од Бангладеш и Шри Ланка.
-
Македонија 26.06.2018 13:15
Во Тимјаник ќе се гради Дом за деца со посебни потреби
Недоразбирањата за домот за деца со посебни потреби меѓу надлежните и мештаните од Тимјаник се минато. Во селото ќе се гради мал групен дом, велат од ресорното министерство.










