Мигрантите од бродот „Аквариус“, кои Шпанија ги прифати по одбивањето на Италија и на Малта, се сместуваат во студентски домови во земјата. На студентите во градот Аликанте им било речено да ги напуштат домовите за да направат место за луѓето.
Вести
-
Свет 20.06.2018 12:18
-
Економија 20.06.2018 12:12
Американската компанија „Теламон“ ќе инвестира во Македонија
Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во Македонија во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години.
-
Македонија 20.06.2018 11:46
Столтенеберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот во јули
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за телевизијата „Франс 24“, изјави дека се надева оти на јулскиот самит на алијансата во Брисел, Македонија може да добие покана за членство. Патот е отворен по постигнувањето на договорот со Грција.
-
Македонија 20.06.2018 11:38
Иванов: Останувам на ставот за договорот, Заев да покрене постапка за импичмент
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов го повикува премиерот Зоран Заев веднаш да покрене постапка за импичмент, најгалсувајќи дека неговиот став во однос на договорот за името е конечен и останува непроменет.
-
Македонија 20.06.2018 11:33
Утре почнува летото
Од утре во Македонија и на северната хемисфера почнува летото. Истовремено на јужната полутопка настапува зимата.
-
Економија 20.06.2018 11:02
Советот на Град Скопје ќе расправа за ребаланс на буџетот
Советот на Град Скопје ќе го разгледа предлогот за ребаланс на буџетот за 2018-та година, со кој е предвидена рационализација на трошењето од градската каса. Буџетот ќе биде намален за 27 милиони и ќе бидат потрошени вкупно 4 милијарди 227 милиони денари.
-
Свет 20.06.2018 10:55
Ким и Џинпинг согласни околу повеќе прашања
Лидерите на Кина и Северна Кореја, Си Џинпинг и Ким Јонг-ун се согласни за голем број прашања, вклучувајќи ја и денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.
Ким е во трета посета на Кина, во последниве три месеци, каде што имаше средба со својот кинески колега.
-
Македонија 20.06.2018 10:49
Стручни совети за прскање на јаболкото
Седум агрометеоролошки станици на различни локации во Преспа се користат да се одреди дали и кога има потреба од користење пестициди кај овошките за да се намали прекумерната употреба на хемиските препарати.
-
Свет 20.06.2018 10:31
Хакерска кражба на Јужнокорејска берза за криптовалути
Хакери ја нападнале берзата за трговија со криптовалути Битамб од која се украдени виртуелни валути во вредност од 31,5 милиони долари.
Тргувањето е запрено откако била откриена измамата. Платформата истакна дека ќе ги надомести загубените дигитални пари со сопствени средства.
-
Македонија 20.06.2018 10:25
Во касарната „Ѓорче Петров“ ќе биде пуштен во употреба објект за тактички вежби
Во касарната „Ѓорче Петров“ свечено ќе биде пуштен во употреба објектот за тактички вежби. Настанот е во организација на Министерството за внатрешни работи, а во соработка со ИЦИТАП - одделот за правда на САД, Европската команда на Армијата на САД и Американската амбасада.










