По повод 9-ти мај, Денот на Европа, низ градовите во државава низа активности.
Вести
-
Македонија 09.05.2018 10:37
-
Економија 09.05.2018 10:33
Продолжен рокот за пријавување субвенции за млеко
Млекопроизводителите имаат дополнителни денови за да се пријавуваат за субвенции за произведеното и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од октомври до декември 2017 година.
Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар кравјо и 4 за овчо и козјо млеко.
-
Свет 09.05.2018 10:30
САД го напушта нуклеарниот договор со Иран, ЕУ во обид да ја зачува меѓународната спогодба
САД официјално се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма, а укинатите санкции во рамките на спогодбата од 2015 година кон официјален Техеран ќе бидат обновени.
-
Култура 09.05.2018 07:56
Македонија без финале на Изборот за песна на Евровизија
Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска се десетте финалисти од Првото Евровизиско полуфинале.
-
Македонија 08.05.2018 16:51
Продолжува судскиот процес за случајот „Тенк“
Во Кривичниот суд продолжи судскиот процес „Тенк“ за набавката на луксузниот владин мерцедес. Одбраната го повлече барањето да бидат сослушани обвинетите Ѓоко Поповски и Никола Груевски.
-
Свет 08.05.2018 16:30
Пашињан избран за премиер на Ерменија
Опозицискиот лидер Никол Пашињан е избран за премиер на Ерменија, функција за која беше и единствен кандидат. Пашињан е избран на седница на Парламентот, по тринеделни протести.
-
Македонија 08.05.2018 16:10
Чествување на 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот
Деветти мај, Денот на победата над фашизмот е еден од најважните денови за целото човештво. Обезбедени се мирот, слободата, човечките права. Во таа страшна војна народите на Македонија и на Русија се бореа рамо до рамо.
-
Македонија 08.05.2018 16:04
Инсулин ќе се набавува со интервентен увоз
Од инсулинската терапија „Новорапид“ има уште за месец и половина. За да не останат дијабетичарите без овој лек, ресорното министерство бара начин за интервентен увоз и дополнителна тендерска постапка за нов договор за набавка.
-
Македонија 08.05.2018 15:53
Мицкоски објави нов скандал поврзан со Заев, СДСМ реагира- наводите се измислени
Заев како градоначалник на Струмица продал земјиште кое по повеќе постапки завршило во рацете на неговиот брат- лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски објави нови документи за, како што вели, нов скандал поврзан со актуелниот премиер.
-
Економија 08.05.2018 15:46
БЕГ: И в година сигурно и безбедно снабдување со топлинска енергија
Скопјани и в година ќе имаат сигурно и безбедно снабдување со топлинска енергија, најавуваат од „Балкан енерџи груп“. Нема отворена стечајна постапка кон компанијата и таа работи стабилно, велат од менаџментот. Во тек е судска постапка за едно побарување, за кое од БЕГ велат дека е неосновано.










