Со воена парада на Црвениот плоштад во Москва, Русија ја одбележа 73-годишнината од победата над фашизмот. Рускиот претседател Путин го честиташе 9-ти мај и потсети на триумфалната победа во Втората Светска војна. Рече дека тоа е свет празник за целата земја.
Вести
-
Свет 09.05.2018 13:17
-
Македонија 09.05.2018 13:10
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работи по политичка нарачка на Заев
Судот е заробен, а Специјалното јавно обвинителство работи по политичка нарачка на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 09.05.2018 13:00
Заев: Нема ништо незаконско во тоа што мојот брат е краен корисник на градежно државно земјиште во Струмица
Нема ништо незаконско во тоа што неговиот брат е краен корисник на градежно државно земјиште во Струмица, кое го добил додека бил градоначалник, вели премиерот Заев, одговарајќи на вчерашните тврдења на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 09.05.2018 12:56
Состанок на Одборот на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза
Да обезбедиме средина која нема да ги осудува и дискриминира лицата болни од ХИВ и туберкулоза, така ќе ги гарантираме основните човекови права – рече претседателот на владата Зоран Заев на состанокот на одборот на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза.
-
Македонија 09.05.2018 12:51
Правда и одговорност за „Диво насеље“ мора да има
Пред три години осум припадници на полицијата го изгубија животот во трагичниот настан во „Диво насеље“. Овој нечовечки и противдржавен чин не смее никогаш да се повтори- велат од МВР.
-
Македонија 09.05.2018 12:43
Османи: Недобивањето датум за преговори носи ризици
Македонија е важен дел од Европа. Таа е единствена држава во регионот што ги има решено сите граници и е функционална мултиетничка демократија. Направивме напредок во односите со Бугарија и со Грција сме пред историски успех за наоѓање решение за името.
-
Свет 09.05.2018 11:17
Израел гаѓал позиции на сириската армија во близина на Дамаск
Израел синоќа гаѓал позиции на сириската армија во близина на Дамаск, но сириската противвоздушна одбрана пресретнала и уништила две ракети, јавија сириските државни медиуми.
-
Култура 09.05.2018 10:56
Почнуваат Мајските оперски вечери
Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, што ќе се случи пред платото на Македонската опера и балет, вечер свечено ќе бидат отворени Мајските оперски вечери кои се одржуваат по 46-ти пат. Ќе бидат во знакот на 160-годишнината од раѓањето на Џакомо Пучини.
-
Свет 09.05.2018 10:52
Половина милион Турци на социјалните мрежи на Ердоган му порачаа „Доста!“
На изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе се повлече доколку Турција каже „Доста“, вчера повеќе од половина милион Турци му одговори со твитови во кои пишува „Тамам“ односно „Доста“ на турски.
-
Македонија 09.05.2018 10:41
На рочиштето за „Поткуп“ се гледаше снимката објавена на „Јутјуб“
На рочиште отворено за јавноста денеска во Кривичниот суд се гледаше скратената снимка, објавена на „Јутјуб“, за предметот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.










