Американскиот претседател Трамп на „Твитер“ ѝ порача на Русија да се подготви за нови, убави и паметни ракети во Сирија. Понатаму напиша дека односот меѓу Америка и Русија е полош од кога и да било, дури и во споредба со времето на Студената војна.
Вести
-
Свет 11.04.2018 15:28
-
Економија 11.04.2018 15:19
Позитивни прогнози, економијата закрепнува
Економијата почна да закрепнува, Светската банка со позитивни прогнози за раст во 2018- та.
-
Економија 11.04.2018 14:57
Царинската управа најави забрзан проток на стоки на граничните премини
Ќе се забрзува протокот на стоки на граничните премини, ќе се унапредува работењето на Царинската управа. На едно место ќе се спојуваат царините на граничните премини. Ова го предвидува новата стратегија на Царинската управа.
-
Македонија 11.04.2018 14:48
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за погубни политики, за СДСМ интерпелацијата е очаен обид на опозицијата
ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собранието со интерпелација за работата на Владата. Опозициската партија го прекинува 4- месечниот бојкот. На тапет премиерот Заев и сите министри.
-
Македонија 11.04.2018 14:35
Реконструкција на Владата до крајот на мај
Проширување на парламентарното мнозинство ќе има до крајот на мај, тврдат од Владата. Освен постојните коалициски партнери со сигурност се вклучува Турската партија, вели портпаролот на Владата, Бошњаковски. А во тек се постојани преговори за евентуално на други партнери.
-
Македонија 11.04.2018 14:26
Метео: Сончево и топло, температурата до 27 степени
Сончевото и топло време во Македонија продолжува и во текот на утрешниот ден. Попладне во западните делови можна е изолирана појава на краткотраен локален дожд.
Максималната температура ќе достигне до 27 степени. Скопје утре со дневна температура од 26 степени.
-
Економија 11.04.2018 14:20
Полесен пристап до информации за извори на финансирање
Информации за достапните услуги за финансиска поддршка и за раст и развој на компаниите се претставени во новиот каталог за бизнис поддршка. Со инструментот се олеснува пристапот до финансииите и се зајакнува капацитетот на претпријатијата, велат од Сојузот на стопански комори.
-
Македонија 11.04.2018 13:41
МВР ги истражува причините за пожарот во Министерството за правда
МВР води истрага како дошло до избувнување на пожарот во Министерство за правда, во кој целосно беа опожарени канцеларии на четвртиот кат. Се утврдува и штетата, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
-
Македонија 11.04.2018 13:19
Иванов на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј
Претседателот Иванов имаше едночасовната среда со патријархот Вартоломеј. Ги поздрави неговите активности и напорите за обезбедување поголемо единство во православната екумена и за помирување на христијанството со другите религии.
-
Македонија 11.04.2018 13:10
Интерпелација за работата на Владата
ВМРО-ДПМНЕ го прекина четири месечниот бојкот и се врати во Собранието. Поднесе барање за гласање доверба на Владата. За само 10 месеци направени сериозни пропусти на внатрешен и на надворешен план.










