Со спектакуларен концерт на плоштадот Рабин во центарот на Тел Авив вчеравечер заврши третото издание на предевровизискиот промотивен настан „Израел ве повикува“.
Вести
-
Култура 11.04.2018 12:58
-
Свет 11.04.2018 12:48
Закерберг: „Фејсбук“ е во вооружена трка против групи спонзорирани од Русија
„Фејсбук“ е во вооружена трка против групи спонзорирани од Русија, изјави основачот на социјалната мрежа Марк Закерберг.
-
Свет 11.04.2018 12:38
Засипкин: Да се собори секоја американска ракета
Рускиот амбасадор во Либан, Александер Засипкин, изјави дека секоја американска ракета што ќе биде упатена кон Сирија би требало да биде соборена, а местата од каде ќе бидат лансирани треба да се нападат.
-
Економија 11.04.2018 12:26
Лагард: ММФ е оптимист за глобалниот економски раст
Меѓународниот монетарен фонд е оптимист во поглед на глобалниот економски раст, но предупредува на можноста од „надвиснување темни облаци“ доколку продолжи намалувањето на финансирањето и растот на каматите, изјави директорката на фондот, Кристин Лагард.
-
Свет 11.04.2018 12:13
Жртви при пад на хеликоптер на далечниот исток на Русија
Шест лица загинаа при пад на руски хелкипотер во реонот на градот Хабаровск на далечниот исток на Русија.
Сите загинати биле членови на екипажот на леталото во сопственост на авиокомпанијата „Восток“ кој бил на проебн лет.
-
Македонија 11.04.2018 12:11
Димитров се надева на прогрес во разговорите за името
Пред средбата со Коѕијас во Охрид, шефот на дипломатијата Димитров изјави- очекувам тешки разговори за разликата за името. На маса ќе бидат разликите што останаа меѓу двете страни, по размената на нацрт- спогодбите на последната средба со посредникот Нимиц во Виена.
-
Македонија 11.04.2018 11:56
Кривична пријава за екс- директор на АВРМ
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против В.П. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
-
Свет 11.04.2018 11:50
Стотици мртви при уривање на воен авион во Алжир
Околу 200 војници загинаа во Алжир при уривање на воен транспортен авион од типот ИЛ-76. Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот на воената база во Буфарик, на 50 километри јужно од главниот град Алжир.
-
Македонија 11.04.2018 11:47
Македонска воена делегација во посета на Хрвастка
Воена делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, од денеска престојува во тридневна официјална посета на вооружените сили на Република Хрватска.
-
Економија 11.04.2018 11:01
Почнуваат преговорите меѓу синдикатот и раководството на „САСА“
Синдикатот на вработените во рудникот „САСА“ , членови на „МЕСО“, денеска ги почнува преговорите со менаџментот за решавање на економско- социјалните барања, кои беа причина за предупредувачкиот штрајк во март.








