Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди кинескиот регион Јужен Синџијанг, во близина на границата со Киргистан, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил утрово во 7:44 часот на длабочина од 10 километри.
Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди кинескиот регион Јужен Синџијанг, во близина на границата со Киргистан, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил утрово во 7:44 часот на длабочина од 10 километри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.
САД и Украина повторно на маса во Флорида. По средбата со Путин во Москва, американскиот специјален претставник Виткоф ги продолжува разговорите со украинскиот шеф за безбедност Умеров во Мајами. Во фокусот – ревидираниот мировен план и територијалните прашања во обид да се оконча војната.
Четири комисии денеска ќе заседаваат во законодавниот дом. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Виена, Австрија, каде ќе учествува на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ 2025, со кој претседава Финска.
Во законодавниот дом на Република Северна Македонија денес се очекува да ја продолжи 72-та пленарна седница.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ќе биде домаќин на министерот за финансии на Република Словачка, Ладислав Каменицки, кој ќе престојува во РС Македонија.
Ова е прва официјална посета на министер за финансии на Република Словачка во нашата држава.
Во Флорида, продолжуваат дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина. Американскиот специјален претставник Виткоф на средба со украинскиот шеф за безбедност Умеров во Мајами, по петчасовните разговори со Путин во Москва.
Времето денеска че биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m2 за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.