Трагедија во сибирскиот град Кемерово. Во пожар во трговски центар загинаа над 60 луѓе. Меѓу жртвите најмалку деветмина се деца, додека над 40 се повредени. Дваесетина луѓе биле спасни од зградата, додека пак околу 100 биле евакуирани.
Вести
-
Свет 26.03.2018 14:56
-
Свет 26.03.2018 14:50
Итна седница на српскиот Совет за национална безбедност
Претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре закажа итна седница на српскиот совет за национална безбедност. Медиумите шпекулират дека ќе се зборува за косовското прашање.
-
Македонија 26.03.2018 14:48
Метео: Променливо облачно со повремени локални врежи од дожд
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени локални врежи од дожд и од снег на планините.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер поизразен долж Повардарието. Во Скопје температурата ќе достигне до 12, а највисоката дневна до 16 степени.
-
Економија 26.03.2018 14:43
Воздухопловните власти ќе реферираат за емисиите на јаглерод при прелети
Европското цивилно воздухопловство во акција, за две години треба да го стопира зголемувањето на емисиите штетни гасови од авионите. Вкупното загадување да го намали за 33 насто. Нискобуџетските летови ја зголемија фрекфенцијата. Ќе се стега обрачот околу авиоиндустријата.
-
Македонија 26.03.2018 14:34
Стоматолозите на средба со министерот Филипче и со директорот на ФЗОМ Дончев
Стоматолозите- специјалисти кои немаат склучено договор со Фондот, бараат здравствените услуги да ги извршуваат на државна сметка, за да бидат конкурентни на пазарот.
-
Македонија 26.03.2018 13:40
Интензивирање на безбедносната соработка со Катар
Македонија и Катар договорија соработка во областа на безбедноста.
-
Македонија 26.03.2018 13:28
Почина музичарот Симеон Иванов- Канго
По тешко боледување на 67- годишна возраст претпладнето во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов - Канго.
-
Свет 26.03.2018 13:05
Протести во Барселона по апсењето на Пуџдемон
Со европски налог за апсење, германската полиција го приведе поранешниот лидер на Каталонија Карлес Пуџдемон, на границата со Данска. Отпатувал во Финска за да се сретне со законодавците и да ја промовира каузата за каталонската независност.
-
Свет 26.03.2018 12:55
Захарова: Лондон ги чува податоците за Скрипал
Велика Британија како доверливи чува некои од податоците за соработката со организацијата за забрана на хемиско оружје, за да манипулира со информациите за случајот „Скрипал“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
-
Македонија 26.03.2018 12:46
Почнуваат разговорите за зголемување на парламентарното мнозинство
Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ги почнува разговорите со другите политички партии за зголемување на парламентарното мнозинство. Неодамна изјави дека е отворен за дијалог со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ.










