6,2 милијарди денари субвенции за земјоделците годинава. Барањата по електронски пат можат да се поднесуваат до 15-ти мај, соопшти директорот на Агенцијата за финансиска поддршка.
Вести
-
Економија 23.03.2018 14:21
-
Македонија 23.03.2018 14:09
Природните науки и математиката во образовна криза
Природните науки и математиката се наоѓаат во образовна криза, бројот на студенти од година на година е сѐ помал. Младите речиси и да немаат интерес за областите. Ова е заклучокот од Конференцијата посветена на природните науки и математиката.
-
Економија 23.03.2018 13:21
Просечната плата во јануари 24.025 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесува 24.025 денари и е за 5,6 отсто повисока од јануари лани, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Свет 23.03.2018 13:08
САД и Кина пред трговска војна
Кина најави царина за американскиот увоз во вредност од три милијарди долари, како контрамерка на Вашингтон за царините за челикот и алуминиумот. 128 американски производи во две групи ќе се тарифираат со по 15 или 25 проценти.
-
Економија 23.03.2018 12:59
„Еурокомпозит“: Суспендирани 10 вработени, активиран штрајк
Синдикатот на прилепски „Еуркомпозит“ денеска го блокираше влезот во оваа наменска фабрика и го активираше штрајкот. Ова, според Синдикатот, е по неисполнетото барање за смена на раководството, кое вчера подели 10 суспензии на вработени од кои најголемиот дел членови на Синдикатот.
-
Македонија 23.03.2018 12:55
ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста нема никакви информации за преговорите со Грција
Јавноста нема никакви информации за преговорите со Грција, а детали добива преку странските медиуми, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Свет 23.03.2018 12:52
ЕУ: Москва е виновна, нема друго објаснување
На дводневниот пролетен самит во Брисел, лидерите на ЕУ се согласија со Велика Британија дека Русија е најверојатно одговорна за нападот врз поранешниот шпион, Сергеј Скрипал во Салзбери. Претседателот на Европската комисија, Доналд Туск рече дека не постои друго веродостојно објаснување.
-
Македонија 23.03.2018 12:45
Димитров- Коѕијас: Решение за името кое нема никого да понижи и ќе ги отвори вратите на иднината
Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас е во официјална посета на Република Македонија. Претпладнево имаше едночасовна средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
-
Свет 23.03.2018 11:49
Каталонија: Пратениците не избраа претседател на Владата
Каталонскиот заговорник за независност Жорди Турул не беше избран за претседател на владата на Каталонија. Ако и во вториот круг в сабота не добие поддршка, ќе продолжи политичката неизвесност во шпанската покраина. За негово именување се потребни 68 гласа од вкупно 135.
-
Свет 23.03.2018 11:10
САД: Џон Болтон е нов советник за национална безбедност
Поранешниот американски амбасадор во Обединетите нации, Џон Болтон е нов советник за национална безбедност на САД. Одлуката за наследникот на Херберт Мекмастер ја објави претседателот Трамп на Твитер.










