Најмалку 26 лица загинаа, а 18 се ранети во самоубиствениот бомбашки напад во Кабул, главниот град на Авганистан.
Вести
-
Свет 21.03.2018 14:21
-
Економија 21.03.2018 14:18
Преку блок трансакција продадени 298.003 акции на Комерцијална банка
Во блок трансакција денеска на Берзата истргувани се 298.003 акции издадени од Комерцијална банка- АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари, соопштија денеска од банката.
-
Култура 21.03.2018 14:14
„Златен венец“ за Адам Загајевски
Адам Загајевски од Полска е годинашниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Високото признание на 73- годишниот лауреат ќе му биде врачено на 57- то издание на најстариот поетски фестивал.
-
Македонија 21.03.2018 14:05
Љубов и грижа за децата со Даунов синдром
Прилепчанката Мира Митреска е старател на дете со Даунов синдром. Кај неа е 10 години, од бебе. Сега е втоеро одделение во посебна паралелка во прилепското училиште „Климент Охридски“. Има голем напредок по секојдневната грижа.
-
Македонија 21.03.2018 13:31
Поповски: На увид трошењето на јавните пари
Отчет за трошењето на владините министри и други функционери. Споредбено со периодот на Владата на Никола Груевски помалку пари се дадени за непродуктивни трошоци, вели министерот за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски на денешната прес-конференција во Владата.
-
Свет 21.03.2018 13:21
„Фејсбук“: Шокирани сме од „Кембриџ Аналитика“
„Фејсбук“ негира вина во злоупотребата на корисничките податоци што незаконски ги презела компанијата „Кембриџ Аналитика“. Во 2014 година, преку квиз за откривање на типот на личноста, незаконски биле собрани информации од речиси 50 милиони луѓе, со кои биле генерирани психолошки профили.
-
Македонија 21.03.2018 13:11
Направена предлог распределба на вработените по Рамковен договор
Вработените во јавната администрација по Рамковен распределени на работни позиции. Списокот на 1.600 лица што не одат на работа, а земаат плата, следната недела на владина седница.
-
Свет 21.03.2018 13:02
Се самоуби осомничениот за нападите во Тексас
Човекот осомничен за серијата бомбашки напади во Тексас се разнел активирајќи екплозивна направа во својот автомобил, соопшти полицијата во Остин. Две лица беа убиени во пет експлозии на пакет- бомби кои овој месец се случија во таа американска држава.
-
Македонија 21.03.2018 12:52
Се крчка реконструкција на тимот на Заев
Владата не открива, дали по оставката на министерот за правда ќе се забрза процесот на реконструкција на Кабинетот на премиерот Заев. Портпаролот Бошњаковски уверува дека потегот на Билен Саљији е личен чин и нема да влијае врз реформскиот процес во правосудството.
-
Македонија 21.03.2018 12:38
„Попис“, „Моќник“ и „Актор“- три нови истраги на СЈО
Специјалното јавно обвинителство со нови три истраги. Вкупно опфатени 25 физички и четири правни лица. Случај „Попис“, „Моќник“ и „Актор“- злоупотребeна службена положба на тендери за објекти и за изградбата на делницата Демир Капија- Смоквица.










