Државниот врв се огласи по изгласувањето на Законот за употреба на јазиците. Премиерот Заев тврди дека е целосно во согласност со Уставот и со Амандманот 5, кои се донесени пред 17 години. Никој не е, и не може да биде над Уставот- изјави шефот на Владата.
Вести
-
Македонија 15.03.2018 16:01
-
Македонија 15.03.2018 15:48
Метео: Утре температура до 21 степен, врнежи за викендот
Утре во Македонија се очекува умерено до значително облачно и релативно топло време со умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе достигне до 21 степен.
Во западните и крајните источни делови ќе има повремени локални врнежи од дожд.
-
Македонија 15.03.2018 15:47
Партиите со различни позиции по усвојувањето на Законот за јазици
Претседателот на државата е должен да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Тврди дека не е прекршена процедурата при носењето на Законот.
-
Македонија 15.03.2018 15:25
Најавените врнежи не се опасност за поплави во Охрид
Високите температури кои придонесоа за брзо топење на снегот, како и обилните врнежи придонесоа нивото на Охридското Езеро нагло да се зголеми, така што денеска беа измерени 693, 82 метри надморска височина или 7 сантиметри над максимално дозволената кота.
-
Економија 15.03.2018 15:14
Се најавуваат измени во регулативата за електронски отпад
Македонија треба да го подобри менаџирањето со електронскиот отпад, сѐ до влезот во Еропската унија, се подготвуваат измени во Законот- велат од Министерството за животна средина.
-
Македонија 15.03.2018 15:02
Митрополит Агатангел: Го поддржуваме претседателот Иванов во намерата да не го потпишува Указот
Целосно го поддржуваме претседателот на Република Македонија, Ѓорги Иванов во намерата да не го потпишува Указот за антидржавниот и неуставен Закон за јазиците што беше донесен на вандалски и нецивилизиран начин.
-
Македонија 15.03.2018 14:55
Заев: Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот
Никој не е, и не може да биде над Уставот. Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и Амандманот 5, донесени пред 17 години, смета премиерот Зоран Заев.
-
Култура 15.03.2018 14:48
Презентирана годишната програма на МОБ
Мајски оперски вечери на повисоко ниво, балетски премиери, изведба на традиционална музика од државите кои имаат амбасади во Македонија, в.д.
-
Свет 15.03.2018 14:27
Премиерски оставки во ЕУ
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо понуди оставка поради политичкиот притисок и масовните протести по убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата девојка. 27-годишниот Куцијак истражувал и пишувал за контактите меѓу Владата и италијанската мафија.
-
Свет 15.03.2018 14:10
Хуманитарен конвој влезе во Источна Гута
Конвој со хуманитарна помош влезе во Источна Гута, последното упориште на сириските бунтовници во близина на Дамаск.
26 камиони превезуваат хуманитарна помош наменета за 26.100 лица. Конвојот е заедничка иницијатива на Црвениот крст, сириската Црвена полумесечина и Обединетите нации.










