Сопственик на кавадаречки „Фени“ ќе биде швајцарската компанија „Гсол“. Најголемите доверители, Комерцијална и Стопанска банка од Скопје соопштија- од двете доставени понуди за откуп на побарувањата, на бугарската „Минстрој“ и на швајцарската „Гсол“, ја прифатиле втората.
Вести
-
Економија 14.03.2018 14:48
-
Македонија 14.03.2018 14:44
Договорот за „Казандол“ пред раскинување
Пробиени рокови, многубројни неправилности при изградбата на рудникот за бакар „Казандол“, утврдила работната група формирана од Владата. Портпаролот Бошњаковски потврди дека договорот е пред раскинување. Финалниот збор ќе го има Министерството за економија. Одлука ќе се донесе за една недела.
-
Македонија 14.03.2018 14:35
Метео: Сончево време со умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Во Скопје температурата ќе достигне до 18, а максималната на југоисток до 22 степена.
-
Македонија 14.03.2018 14:27
Бејли: Македонија и Грција да дојдат до заедничко решение
САД поддржуваат решение за името меѓу двата американски сојузници Македонија и Грција, изјави амбасадорот Џес Бејли. Официјален Вашингтон останува партнер на земјава.
-
Македонија 14.03.2018 14:15
Собрание: Џафери ја прескокна точката за Законот за јазиците
Претседателот на Собранието, Џафери ја прескокна точката за Законот за употреба на јазиците со која требаше да продолжи денешната 32-ра седница. Наместо тоа, седницата продлжи со гласање по други точки од дневниот ред.
-
Свет 14.03.2018 14:01
Препукувања меѓу Москва и Лондон за Скрипал
Русија не одговори во зададениот рок на барањето на Велика Британија да објасни на кој начин нервниот гас од руско производство со којшто беа отруени поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија стигнал во Англија.
-
Македонија 14.03.2018 13:55
Почна седницата за Законот за јазиците
Во Собранието на Република Македонија попладнево почна 32-та седница на која треба да се расправа за Законот за употреба на јазиците, во трето читање.
На седницата присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат поднесено над 35.000 амандмани на Законот.
-
Свет 14.03.2018 13:50
Зголемен приливот на мигранти на грчките острови
Медиумите во Грција пишуваат дека на грчките острови во последните четири дена пристигнале повеќе од 500 мигранти и бегалци од Турција.
-
Свет 14.03.2018 13:20
Стивен Хокинг- генијален ум на модерното време
„Револуционерен научник“ и „медицинско чудо“, се само дел од атрибутите кои му се припишуваат на генијалниот ум на модерното време Стивен Хокинг којшто почина на 76-годишна возраст. Значаен придонес направи во областа на квантната гравитација.
-
Економија 14.03.2018 13:17
Утре истекува рокот за годишна даночна пријава
Утре е последниот рок до кога граѓаните кои оствариле екстра приходи, треба да ги достават годишните даночни пријави. Управата повика да се исполни законската обврска, во спротивно, предвидени се казни.









