Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на места ќе има зголемена облачност, но без врнежи.
Ќе дува и слаб ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот се очекува намалување на облачноста.
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на места ќе има зголемена облачност, но без врнежи.
Ќе дува и слаб ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот се очекува намалување на облачноста.
Собранието си даде една недела слободно поради несогласувањата во владеачката коалиција за Законот за јазиците. Се пеглаат различните ставови и меѓу опозицијата и власта како до применлив Закон.
1.600 пациенти се лекуваат со дијализа од кои 215 се трансплантирани, а 32 се на перитонеална дијализа. Секоја година околу 300 нови бубрежно болни. Сѐ поголем е бројот на оние кои ја губат битката во првите месеци од болеста.
Службениците од Скотланд Јард потврдија дека супстанцата, искористена против поранешниот руски таен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка, е нервен агенс. Полицаецот кој меѓу првите пристигнал на местото на инцидентот исто така бил зафатен од супстанцата и се бори за живот.
Двајца скопјани се приведени поради фалсификување банкноти и пуштање во промет. Полицијата открила дека во маркет платиле со 20 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари.
Ќе се проширува обемот на финансиска поддршка на малите и средни претпријатија. Се предлага младите кои живеат привремено во странство да можат да аплицираат за средства покрај оние предвидени со Предлог- законот за финансиска поддршка на инвестициите, како дополнителна мерка.
Формирање тела и органи во Армијата за пријавување на дискриминација, родова, етничка, сексуално насилство или мобинг. Ова се најавените мерки за подигање на свеста за состојбата на жената во Армијата- најави ресорната министерска Шекеринска.
Осми март- на денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, дел од мажите на цветните пазари. Купуваа подарок за саканата. Ги прашавме дали планираат да се приклучат на Маршот за родова еднаквост или се одлучуваат само да подарат цвеќе?
Полициски службеник вчера попладне бил нападнат од американски државјанин во Основното јавно обвинителство- Скопје.
По вербалната расправија, соопштува Министерството за внатрешни работи, 54-годишниот Американец го нападнал полицаецот.
Претставничкиот дом на Флорида ги усвои реформите за законот за оружје, вклучувајќи и ограничувања при купување на оружје и програма за вооружување на наставничкиот кадар.