Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја продолжи регионалната турнеја со средба со Александар Вучиќ, претседател на Србија и прв човек на Српската напредна партија.
Вести
-
Македонија 14.02.2018 12:41
-
Македонија 14.02.2018 12:38
Сообраќајот се нормализира, проблеми со електроснабдувањето
Сообраќајот на патниот правец Маврово- Дебар од 12 часот се одвива нормално, соопшти „Македонија пат“. Забраната беше воведена утринава од шест часот, поради нова лавина во близина на Бигорскиот манастир што го блокираше патот.
-
Македонија 14.02.2018 12:22
Одложено рочиштето за обидот за убиство на Тодоров
Во Кривичниот суд се одложи процесот против Љупчо Стојановски кој минатиот јуни пукаше во екс министерот за здравство, Никола Тодоров.
-
Свет 14.02.2018 12:19
Закана од нови кибернетички напади
Директорот на националното разузнавање Ден Коатс предупреди постои опасност од нови кибернетички напади.
„Хакерските групи употребуваат технологија која влијае врз поважните активности така што ова прашање треба да биде меѓу врвните приоритети“, додаде Коатс.
-
Свет 14.02.2018 11:54
Нетанјаху ги негира обвинувањата од полицијата
Според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, препораките на полицијата да биде обвинет за корупција нема да резултираат со ништо. Ја обвини полицијата дека спроведува „лов на вештерки“ против него и најави дека ќе остане на функцијата.
-
Свет 14.02.2018 11:13
Холандија: Владата го преживеа гласањето за недоверба
Холандскиот Парламент ѝ изгласа доверба на Владата на премиерот Марк Руте откако шефот на дипломатијата Халбе Зејлстра поднесе оставка на функцијата поради изречени невистини во врска со рускиот претседател Владимир Путин и план за формирање Голема Русија.
-
Македонија 14.02.2018 11:01
Денеска е Свети Трифун, лозарите традиционално ги закројуваат лозјата
Претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопснатво Љупчо Николовски денеска ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозјата во Кавадарци и Неготино.
-
Економија 14.02.2018 10:52
Владата даде согласност за две нови странски инвестиции
Две нови инвестиции најави македонската Влада. Дадена е согласност за долготраен закуп на градежно земјиште за компанија за производство на лекови„Саген“.
-
Македонија 14.02.2018 10:45
Конструктивна средба на Нимиц со Димитров и Коѕијас, разговорите за името продолжуваат
Не се соопштуваат детали од повеќечасовната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со посредникот на ОН во разговорите за разликата за името, Метју Нимиц во Виена. Двете министерства излегоа со идентично соопштение.
-
Свет 14.02.2018 10:39
Лидерот на СПД, Мартин Шулц поднесе оставка
Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Мартин Шулц поднесе оставка, а негов наследник ќе се избира во април на вонреден партиски конгрес.
Дотогаш, вршител на должноста ќе биде градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц.









