Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави буџетот за 2019 година вреден 4 илјади 400 милијарди долари, предвидувајќи буџетски дефицит од 984 милијарди долари.
Вести
-
Свет 13.02.2018 11:22
-
Македонија 13.02.2018 11:09
Почна состанокот на Димитров и Коѕијас со Нимиц
Нова рунда преговори за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција на ниво на министри за надворешни работи под посредништво на медијаторот Метју Нимиц се одржуваат денеска во Виена.
-
Македонија 13.02.2018 11:03
Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар
На патниот правец крак Маврово- Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информира Македонија пат.
Забраната, како што посочуваат, е воведена во 10:15 часот.
-
Македонија 13.02.2018 10:52
Ердоган со поддршка на процесот за решавање на спорот со Грција
Поддршка во процесот за решавање на спорот со Грција вчера даде и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган на средбата со премиерот Зоран Заев. Оценил дека тоа е добро за Балканот и за евроатлантските перспективи на Република Македонија.
-
Македонија 13.02.2018 10:40
Мицкоски оствари средба со Пленковиќ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Загреб оствари средба со премиерот на Република Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, соопшти опозициската партија.
-
Македонија 13.02.2018 10:32
Бутарис: Да се преименува солунскиот аеродром, туристите мислат дека доаѓаат во Скопје
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“.
-
Македонија 13.02.2018 10:20
Судски рочишта за „Труст“ и „Тарифа“
Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани судски рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Труст“ и „Тарифа“.
-
Свет 13.02.2018 10:16
Вучиќ на средба со српската заедница
На вториот ден од посетата на Хрватска, претседателот на Србија Александар Вучиќ на средба со српската заедница во Вргин мост. Последна точка на агендата е говорот во Големото собрание на Српскиот народен совет во Загреб.
-
Економија 13.02.2018 10:13
Закуп на државно земјиште над три хектари
750 хектари со парцели поголеми од три хектари државно земјоделско земјиште одат под закуп. Времетраењето за користење на земјиштето е различно.
Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, површините ќе ги добијат за период од 15 до 70 години.
-
Македонија 13.02.2018 08:51
Димитров и Коѕијас на средба со Нимиц во Виена
Министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Виена ќе ги продолжат преговорите за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција, под посредништво на медијаторот Метју Нимиц.









