Вести

  • Македонија 30.01.2018 11:23

    Бесплатен јавен превоз во Скопје поради аерозагадувањето

    Поради надминување на прагот на аерозагадување од 200 микрограми на метар кубен во текот на два последователни дена, од утрово повторно стапија во сила мерките против аерозагадувањето во Скопје.

  • Свет 30.01.2018 10:55

    Вашингтон: Нема нови санкции за Русија

    Американската администрација на претседателот Доналд Трамп го информираше Конгресот дека нема да воведе никакви нови санкции кон Русија.

    Стејт Департментот на САД смета дека законите кои беа донесени минатата година во доволна мерка спречуваат трговија со руската одбранбена индустрија.

  • Македонија 30.01.2018 10:52

    Во Кривичен суд рочиште за случајот „Топлик“

    Во Кричниот суд денеска треба да се одржи судење за предметот на Специјалното обвинителство „Топлик“, во кој осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште.

  • Македонија 30.01.2018 10:49

    Одложено рочиштето за случајот „Труст“

    Во Кривичниот суд денеска требаше да се одржи ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Труст“, но поради боледување на судијката Лидија Зимбовска е одложено.

  • Македонија 30.01.2018 10:38

    Кривичните совети решаваат по барањата за амнестија

    Кривичните совети од скопска единица решаваат по пристигнатите барања за амнестија. Оттаму вчера информираа дека по стапувањето во сила на Законот за амнестија, во петокот, во Кривичниот суд стасале 100-тина барања од затворите.

  • Македонија 30.01.2018 10:36

    Грчки државјанин шверцувал над 300 килограми марихуна

    Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Велес донел наредба за спроведување на истражна постапка против осомничен грчки државјанин за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотопни супстанции и прекурсори .

  • Македонија 30.01.2018 10:28

    Османи во работна посета на Австрија

    Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, од денеска е во дводневна работна посета на Австрија, каде што ќе учествува на престижната конференција „Виена конгрес ком – Султ 2018“ насловена „Стратегија за иднината на Европа“.

  • Македонија 30.01.2018 10:25

    ОН: Можен напредок во решавањето на спорот меѓу Грција и Македонија

    Организацијата на Обединетите нации смета дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 25-годишниот спор меѓу Грција и Македонија за името, ако има компромис кај раководствата и народите на двете земји, изјави заменик портпаролот на светската организација Фархан Хак.

  • Свет 30.01.2018 10:20

    Каталонците избираат нов лидер

    Каталонските пратеници денеска треба да го изберат новиот лидер на шпанската покраина Каталонија, која поради референдумот за независност предизвика политичка криза.

  • Економија 30.01.2018 10:17

    Пчеларството може да биде сериозен бизнис

    Пчеларството економски ќе се исплати многу повеќе и може да стане сериозен бизнис доколку се отстранат техничките недостатоци во овој сектор.

    Според експертите, потребен е селектран репроматеријал, матици и роеви, медоносни растенија и селидбено пчеларење.

Pages