Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Амбасадата на Србија во Загреб во која се изразува длабоко незадоволство заради изјавите на српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ искажани во седиштето на Обединетите нации во Њујорк на 2
Вести
-
Свет 29.01.2018 11:27
-
Македонија 29.01.2018 10:44
ВМРО-ДПМНЕ: Мора да сопре политичкиот реваншизам
Еден од основните постулати на Европската унија и НАТО е владеењето на правото. Македонија не може да напредува во евро- атланските интеграции сѐ додека е заробена држава во која е укинато владеењето на правото, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
-
Економија 29.01.2018 10:41
Нов парк со ветерни електрани
На територијата на општина Свети Николе, кај селото Богословец наскоро ќе се изградат 10 ветерни електрани. Ова ќе биде и првата приватна ветерна електрана во земјава, откако ЕЛЕМ ја изгради ветерната електрана кај Богданци.
-
Свет 29.01.2018 10:23
Сирија: Падна стратешка планина во Африн
Турската агенција „Анадолу“ пренесува дека турската војска ја зазела планината Бурсаја и уште едно село во северо- источниот сириски регион, Африн. За време на борбите биле убиени поголем број припадници на курдските милитанти, додека двајца борци биле заробени.
-
Македонија 29.01.2018 10:15
Зачувување на природниот изглед на регионите
Современото земјоделство ја деградира животната средина. За секое зачувано дрво на нивата, одржување на цветните патеки меѓу ораниците и дрворедите, европските фармери добиваат пари од агроеколошките мерки.
-
Македонија 29.01.2018 10:12
Излегуваат првите амнестирани затвореници
По донесувањето на Законот за амнестија, првите амнестирани затвореници се очекува денеска да излезат од затворите.
-
Македонија 29.01.2018 10:09
До четврток стабилно и суво време, благ пораст на утринските температури
До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со благ пораст на утринските температури. По котлините ќе има услови за појава на слаба до умерена магла.
-
Македонија 29.01.2018 10:04
Ново рочиште за случајот „Поткуп“
Во Основниот суд- Скопје 1 е закажано ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој на премиерот Зоран Заев му се суди за договарање поткуп.
Досега, поради низа процесни приговори предметот постојано се одложува, а одбраната бараше да се издвојат снимките како доказ во постапката.
-
Македонија 29.01.2018 10:02
Нимиц на мини турнеја на релација Атина- Скопје
Посредникот во разговорите за разликата околу името, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, ја почнува мини турнејата на релација Атина- Скопје.
-
Македонија 29.01.2018 09:58
Закон за употреба на јазиците: Уште еден обид, сега со илјадници амандмани
Законот за употреба на јазиците е повторно во Собранието во трето читање, откако претседателот на државата Иванов не го потпиша указот за него. И овојпат, Законот е со европско знаменце, што значи дека не му е потребно двотретинско мнозинство за да се донесе.










