Бизнисмените бараат посебен Закон за практиканство. Велат дека за нив е проблем што сега овој сегмент е регулиран само со Законот за средно и високо образование, а не е опфатено деловното работење.
Вести
-
Економија 25.01.2018 14:19
-
Свет 25.01.2018 14:11
Железничка несреќа во Милано, две лица загинаа
Најмалку две лица загинаа, десетина биле тешко повредени, а уште 110 се здобиле со полесни повреди во железничка несреќа близу Милано.
Возот којшто се движел на релација Кремона- Милано, излетал од шините при што се превртеле два вагона. Се утврдуваат причините за несреќата.
-
Македонија 25.01.2018 13:35
Пожар во семејна куќа, загинаа мајка и четири деца
Сѐ уште нема потврда од Јавното обвинителство кои се причините за смртта на мајката и четирите деца кои синоќа настрадаа во пожар во семејната куќа во Тетово. Од обвинителството велат дека сѐ уште ги чекаат резултатите од првичните вештачења, за да се утврди која била причината за смртта.
-
Свет 25.01.2018 13:30
Жестоки борби од двете страни на фронтот во Сирија
На северот од Сирија жестоки борби меѓу турската армија и сириските курди. На страната на Курдите се борат и некои германски граѓани, а турската војска користи тенкови од германско производство. Најжестоките борби се водат во Африн.
-
Економија 25.01.2018 13:01
Се намалува цената на водата, но сметките повисоки
Од досегашните 29,39 денари за кубен метар, цената на водата се намалува на 28,67 денари. Жителите на Градот Скопје ќе плаќаат најниска цена на вода за пиење во државата, информираат од „Водовод и канализација“.
-
Свет 25.01.2018 12:55
Трамп пристигна на форумот во Давос
Американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј, и со претседателот на израелската влада Бенјамин Нетанјаху. Во фокусот на разговорите Иран, Блискиот Исток и Северна Кореја.
-
Македонија 25.01.2018 12:43
Крводарителска акција во чест на Тоше Проески
Тоше има само датум на раѓање- е мислата која секоја година на 25-ти јануари ги обединува фановите на човекот кој имаше љубов и убав збор за сите. Несебично даруваше од скапоцената течност многу пати.
-
Свет 25.01.2018 12:09
Владата на Бугарија го преживеа гласањето за доверба
Владата на Бугарија го преживеа изјаснувањето во Парламентот за изгласување недоверба во кабинетот на премиерот Бојко Борисов. Барањето го поднеле опозициските социјалисти кои како аргумент го навеле недостигот од напредок во борбата против корупција во оваа балканска земја.
-
Свет 25.01.2018 11:52
Турски медиуми: Погрешно толкување на разговорот Трамп- Ердоган
Турските медиуми известуваат дека Белата куќа погрешно го протолкувала телефонскиот разговор меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот колега Доналд Трамп.
-
Македонија 25.01.2018 11:42
ВМРО-ДПМНЕ: Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава
Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава, во која што Заев сака без опозиција да носи закони за двојазичност, да ја задолжува земјата или да ратификува договори со кои се брише историјата и македонскиот јазик, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.









