Четири хеликоптери евакуираа 150 лица од луксузен хотел на италијанските Алпи поради опасност од лавина. Туристите се времено сместени во фискултурна сала во Сан Валентино.
Вести
-
Свет 24.01.2018 11:14
-
Македонија 24.01.2018 10:54
Почнува судењето за предметот „ТНТ“
Во Кривичниот суд денеска почнува судењето за предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина, Фијат Цаноски.
-
Македонија 24.01.2018 10:46
Седници на четири собраниски комисии
За денеска се најавени седници на четири парламетарни комисии. Измените и дополнувањата на Законот за заштита на укажувачи во прво читање ќе го разгледува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
-
Македонија 24.01.2018 10:40
Средбите во рамки на процесот „Жан Моне“ одложени за март
Средбите меѓу претставници на парламентарните партии од македонското Собрание во рамките на процесот „Жан Моне“ се одложени за март. Првично требаше да се одржат во куќата на Жан Моне во близина на Париз на 25-ти и 26-ти јануари.
-
Свет 24.01.2018 10:23
Нападната канцеларија на хуманитарна организација во Џалалабад
Единаесет луѓе се порведени во напад врз канцеларијата на меѓународната хуманитарна организација „Спасете ги децата“ во источниот авганистански град Џалалабад.
Во инцидентот учествувале бомбаш- самоубиец и неколку вооружени напаѓачи кои влегле во објектот.
-
Економија 24.01.2018 10:20
Нови 140 милиони евра за земјоделството
Најголем е буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнио развој од 8,4 милијарди денари кои се предвидени за директна финансиска поддршка во земјоделството и за рурален развој.
-
Македонија 24.01.2018 08:21
Вицепремиерот Османи во посета на Србија
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска престојува во еднодневна работна посета на Република Србија, каде што ќе се сретне со министерката за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, со Претседателот на Одборот за европски прашања во Парламентот на Република Србија, Ненад Чанак,
-
Македонија 24.01.2018 08:16
Сообраќајот на места по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, а наместа влажни на планинските осојничави места. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
-
Македонија 24.01.2018 08:14
Средба Заев- Ципрас во Давос
На маргините на Светскиот економски форум во Давос е најавена македонско- грчка средба на премиерско ниво. Се очекува во денешната агенда на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да се најдат прашања поврзани со преговорите за името.
-
Македонија 23.01.2018 16:45
Комисиска дебата за кратењето на патните трошоци на пратениците
Измените на Законот за намалување на средствата за патни трошоци ги обединија пратениците. Ги обвинија медиумите дека пратениците и нивните патни трошоци се тема која се провлекува со години и на тој начин им се урива авторитетот.










