Вести

  • Македонија 18.01.2018 16:10

    Средба Јанева- Столтенберг

    Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева денес оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во рамки на неговата посета на Република Македонија, соопштија од Специјалното јавно обвинителство.

  • Свет 18.01.2018 15:58

    Една година од мандатот на Трамп

    Само една недела по влегувањето во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп воведе забрана за влез на граѓани од држави со мнозинско муслиманско население. Судовите ја забранија уредбата, и двете модифицирани верзии.

  • Македонија 18.01.2018 15:52

    Реакции по одлуката на Иванов да не го потпише указот за Законот за јазиците

    Очекувана, но разочарувачка- вака вицепремиерот Бујар Османи ја оцени одлуката на шефот на државата Ѓорге Иванов да не го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците.

  • Македонија 18.01.2018 15:28

    Проект за вклучување на младите со инвалидитет во спортот

    Луѓето со инвалидитет се изложени на долготрајно седење и физичка неактивност. Овој начин на живот ја наметнува потребата од спортска рекреација и рехабилитација. Така ќе се намали ризикот од разни болести, како што се кардиоваскуларните и респираторните заболувања – советуваат професори. 

  • Свет 18.01.2018 15:23

    Невреме во северозападна Европа

    Наставата во училиштата во делови на Германија е откажана поради невремето во северозападна Европа. На аеродромот во Амстердам откажани над 200 летови. Поради невремето e прекинaт и железничкиот сообраќај.

  • Македонија 18.01.2018 14:50

    Договорот за добрососедство ратификуван и во Бугарија

    Националното Собрание на Бугарија едногласно го ратификува договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија. Во салата беше присутен и македонскиот амбасадор во Бугарија, Маријан Ѓорчев.

  • Македонија 18.01.2018 14:44

    Столтенберг: Пред седиштето на НАТО сѐ уште има место за нови знамиња

    Сѐ уште има место за нови знамиња пред седиштето на НАТО, Алијансата е отворена за нови членки, Македонија треба да ја искористи шансата за прием, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред пратениците во Собранието.

  • Македонија 18.01.2018 14:39

    Метео: Утре сончево и студено, за викендот нов влажен бран

    Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со студено утро кое ќе донесе негативни утрински температури насекаде низ земјата.

    Најниската минимална температура ќе падне на -8 степени. Во текот на денот ќе има појава на умерена облачност, а ќе дува и повремено умерен јужен ветер.

  • Економија 18.01.2018 14:10

    Раст на прометот во индустријата

    Раст од 6,3 проценти забележа прометот во индустријата во периодот јануари- ноември 2017 година, во споредба со периодот јануари- ноември 2016 година, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

  • Македонија 18.01.2018 13:09

    Столтенберг: Вратата на НАТО отворена за реформите

    Вратата на НАТО е отворена за реформите. Земјите- членки на Алијансата се импресионирани од напредокот, обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Собранието.

Pages