„Јас не сум расист“- изјави американскиот претседател Доналд Трамп, одговарајќи на новинарски прашања во својот голф клуб на Флорида.
Вести
-
Свет 15.01.2018 13:16
-
Македонија 15.01.2018 13:12
ВМРО-ДПМНЕ: За судиите е најважен политичкиот интерес
Доколку судиите имаа интегритет, совест и свест ќе ги ослободеа сите неправедно притворени лица од 27-ми април, но очигледно е дека за нив е најважен политичкиот интерес- се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Економија 15.01.2018 13:10
Бизнисмените бараат поголема ажурност од институциите
Институциите бавно постапуваат по барањата на бизнисмените, кои ги предлагаат за подобрување на бизнис климата. Иако изминаа неколку месеци откако ги имаат поднесено иницијативите, од надлежните одговор нема. Стопанската комора бара брза реакција.
-
Македонија 15.01.2018 12:59
Собранието го ратификува Договорот за добрососедство со Бугарија
Со 61 глас „за“ и само еден „воздржан“, пратениците го изгласаа Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу нашата земја и Република Бугарија.
Во работата на Собранието не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Свет 15.01.2018 12:44
Филипини: Евакуирано населението околу најактивниот вулкан
Над девет илјади луѓе се евакуирани од областа којашто го опколува најактивниот вулкан на Филипините откако лавата почна да истекува од кратерот по мала ерупција, којашто научниците очекуваат да се претвори во експлозивна.
-
Македонија 15.01.2018 12:33
Лавров: Русија ќе го прифати името што ќе го договорат Атина и Скопје
Интензивирањето на разговорите за името на Македонија е поврзано со желбата на САД да ја внесат оваа држава во НАТО, оцени рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
-
Македонија 15.01.2018 12:27
Нимиц: Постои позитивен моментум за прашањето за името
Медијаторот Метју Нимиц в среда во Њујорк нема да стави нов предлог за името на маса. Тој во интервју за грчката ЕРТ вели дека ќе претстави предлог- идеи за кои се зборувало и во минатото.
-
Македонија 15.01.2018 12:11
Скопјанец пронајден мртов со прострелна рана во главата
Шеесет и две годишен маж од Скопје бил пронајден мртов во својот дом. Случајот го пријавил неговиот внук вчера утрото, кој го пронашол својот дедо мртов со прострелна рана од огнено оружје во главата.
-
Свет 15.01.2018 12:04
Тунис: Судир меѓу полицијата и демонстрантите
Полицијата во Тунис со солзавец им се спротивстави на демонстрантите кои протестираат против новите мерки за штедење. Група млади луѓе со камења фрлаа кон полициските возила чиишто гуми подоцна беа спалувани.
-
Свет 15.01.2018 11:57
Багдад: Жртви и повредени во бомбашки напад
Речиси 30 луѓе загинаа, а 60 се ранети во двојна експлозија во Багдад. Бомбаши-самоубијци детонираа појаси со експлозив во група работници на плоштадот во Центарот на градот.










