Под влијание на влажен воздушен бран во Македонија утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките планини.
Ќе дува и засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Под влијание на влажен воздушен бран во Македонија утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките планини.
Ќе дува и засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Индустриското производство од јанури до ноември годинава бележи раст од 0,5 проценти во однос на истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Индустриското производство во ноември годинава во однос на ноември лани бележи раст од 4,1 отсто.
Изминуваат 30 дена од неправедното притворање на невини луѓе, само заради политичка одмазда. Правосудните органи имаат можност да ја исправат неправдата и да ги прекинат неаргументираните притвори за фабрикуваното обвинение за тероризам, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Судењето за насилството во Општина Центар ќе почне од почеток. Причината за ова е смена на судечкиот судија, кој согласно со новиот годишен распоред ќе суди во друг оддел.
Децата без родители и родителска грижа згрижени во институциите во Скопје ги знаат месеците, бројат чекајќи го денот кога ќе бидат сместeни во згрижувачко семејство. Оваа форма е најблиска до биолошката заедница.
Заменик-министерката за надворешни работи на Израел, Ципи Хотовели потврди дека нејзината влада комуницира со најмалку 10 земји, вклучувајќи и неколку од Европа, за можно преместување на нивните амбасади во Ерусалим.
Одговарајќи на новинарско прашање, владиниот портпарол Миле Бошњаковски ги отфрли тврдењата дека има недостиг од инсулин во земјава.
Температурата во американскиот град Чикаго во последните неколку дена драматично опадна и се спушти дури и до минус 20 степени. Поради екстремно студеното време проследено со обилни снежни врнежи, во одделни локации во градот се отворени т.н. „места за загревање“.
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серџ Брамерц е задоволен од работата на Судот кој, според него, напишал голем дел од историјата на конфликтите во поранешна Југославија, и работел независно, непристрасно и без дискриминација на верска или национална основа.
Здружението на лица со дијабететес од Велес упати отворено писмо до премиерот Зоран Заев, во кое бара лично да се ангажира за да се стави, како што велат, крај на кризата со недостиг на инсулин.