Вести

  • Економија 13.12.2017 13:03

    Анѓушев: Сега е моментот да се инвестира

    Владата ги повика бизнисмените да инвестираат и да извезуваат производи. Финансиски ќе бидат поддржани со минимум 10 насто од вложениот капитал. Вицепремиерот Анѓушев тврди- проектираниот економски раст од 3,2 насто ќе биде постигнат.

  • Македонија 13.12.2017 12:41

    Владата бара решение за „Казандол“

    Владата бара решение за рудникот „Казандол“. Тим експерти бараат начин како државата да избегне плаќање оштета. Надлежните повторуваат - приоритет е здравјето на граѓаните. Инвеститорот, пак, за денеска најави минирање на рудникот.

  • Македонија 13.12.2017 12:31

    Заев: Членството во НАТО и во ЕУ- врвен приоритет

    Македонија е на добар пат за членство во НАТО и во ЕУ. Приемот во Алијансата за нашата земја ќе значи поголема безбедност и економски просперитет- оценува државниот врв.

  • Свет 13.12.2017 12:19

    Ердоган: Ерусалим - престолнина на Палестина

    Лидерите на муслиманските земји се собраа во Истанбул на самит по повод одлуката на САД да го признае Ерусалим како главен град на Израел. Одлуката на американскиот претседател наиде на речиси едносгласна осуда во светот и демонстрации на Блискиот исток и во муслиманскиот свет.

  • Свет 13.12.2017 11:47

    Напаѓачот Улах го предупредил Трамп на Фејсбук

    Пред нападот во Њујорк, Акајед Улах го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп со објава на Фејсбук.

    „Трамп не успеа да го заштитиш својот народ“, му порачал 27-годишниот имигрант од Бангладеш кој е обвинет за тероризам по експлозијата на Менхетн.

  • Македонија 13.12.2017 11:30

    Претседателот Иванов ја отвори македонската Амбасада во Бразил

    Претседателот Иванов ја отвори македонската Амбасада во Бразил, прва во Латинска Америка. Шефот на државата оцени дека визната либерализација меѓу двете земји претставува дополнителен поттик за унапредување на севкупната соработка.

  • Свет 13.12.2017 11:22

    Ким Јонг-ун: Ќе бидеме најголема нуклеарна сила во светот

    И покрај изразениот оптимизам од американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за решавање на спорот со Пјонгјанг, лидерот на Северна Кореја повторно предупреди дека неговата земја ќе стане глобална нуклеарна велесила.

  • Македонија 13.12.2017 10:44

    Шекеринска во посета на Обединетото Кралство

    Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од денеска престојува во неколкудневна работна посета на Обединетото Кралство каде што ќе има средби со британскиот секретар за одбрана Гавин Вилијамсон и со сер Алан Данкан, министер за Европа и Америка, соопштија од Министерството за одбрана.

  • Македонија 13.12.2017 10:38

    Железничкиот сообраќај и денеска во прекин

    Поради протестот на вработените во МЖ- Транспорт, товарниот и патничкиот сообраќај втор ден е во целосен прекин. Вработените бараат исплата на вториот дел од платата за октомври. Најавена е средба со претставници на Владата.

  • Свет 13.12.2017 10:34

    Вонредна средба на ОИС за Ерусалим

    На иницијатива на официјална Анкара, Организацијата за исламска соработка (ОИС) на вонреден самит во Истанбул расправа за последиците од признавањето на Ерусалим за израелска престолнина од страна на САД.

Pages