Лекарот кој беше нападнат синоќа на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, е 48-годишник од Слупчане, Кумановско.
Тој е прободен во пределот на грбот со нож, хоспитализиран е и е надвор од животна опасност.
Причина за нападот е лична пресметка.
Лекарот кој беше нападнат синоќа на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, е 48-годишник од Слупчане, Кумановско.
Тој е прободен во пределот на грбот со нож, хоспитализиран е и е надвор од животна опасност.
Причина за нападот е лична пресметка.
За овој месец не е најавена посета на Метју Нимиц, посредникот за решавање на разликата за името меѓу Макеоднија и Грција. Ова го посочуваат од Кабинетот на Нимиц и дополнуваат дека за поконкретни информации медиумите ќе бидат навреме известени.
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека нема да толерира „хронична злоупотреба на трговијата“.
Цените на храната во светот во октомври се намалени во споредба со претходниот месец. Поевтини биле сите прехранбени производи, освен житарките.
Известителот на Европскиот парламент за Македонија, словенечкиот европратеник Иво Вајгл ги продолжува средбите со партиите застапени во македонскиот Законодавен дом. По вчерашните со опозицијата, денеска Вајгл ќе разговара со претсавниците на партиите на власт.
Сообраќајот на граничните премини кон Грција, којшто беше во прекин поради штрајк на грчките цариници, денеска е нормализиран, соопшти утринава Авто мото сојузот на Македонија.
Европа не може да биде обединета сѐ додека има држави од регионот што сѐ уште не се вклучени во евроатлантските институции. Јадранската повелба претставува јасна порака за отворената врата на НАТО, порача претседателот и врховен командант на оружените сили, Иванов пред генералите.
Известителот на Европскиот парламент за Македонија, словенечкиот европратеник Иво Вајгл на средби во Собранието со спикерот и претставници на партиите.
Преку јавни дебати се гради нова четириодишна Национална стратегија за културен развој. Со цел конструктивно креирање на истата, во дебатите се вклучени сите засегнати страни. Раководителите на културните установи велат дека за нив оваа можност е добредојдена и има што да кажат.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб ветер претежно од југозападен правец. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.
Температурата во Скопје ќе достигне до 15, а максималната дневна до 18 степени.