Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност претежно во планинските региони и со слаб до умерен јужен ветер. Во утринските часови, по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.
Вести
-
Македонија 05.11.2017 10:33
-
Македонија 05.11.2017 10:06
Сообраќајот пo суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Свет 03.11.2017 16:40
Деир Ал-Зор е ослободен од ИД
Сириските и сојузнички сили презедоа целосна контрола врз Деир ал-Зор, градот во источна Сирија кој беше последното големо упориште на Исламска Држава.
Џихадистите го окупираа во 2014 година. За нив имаше стратегиска важност поради близината до границата со Ирак.
-
Македонија 03.11.2017 16:32
Реформа во водоснабдувањето, ќе има нови цени
До 15-ти месецов Регулаторната комисија за енергетика ќе го изработи тарифникот за водоснабдување што од наредната година ќе мора да го применуваат сите јавни водоводни претпријатија во општините со над 10.000 жители.
-
Македонија 03.11.2017 16:27
Апелација идната недела ќе реши дали „бомбите“ може да бидат докази во „ТНТ“ и „Топлик“
Тој што зборува за сопствениот криминал, не може да бара заштита повикувајќи се на правото на приватност. Оние коишто го организирале незаконското прислушување не може да се третираат како жртви, бидејќи ја злоупотребиле моќта.
-
Економија 03.11.2017 15:58
Реформи во системот за јавни набавки
Се укинува советот за јавни набавки, а в година ќе добиеме и нов закон според најдобрите европски практики, најави ресорниот министер Тевдовски. Причини за реформите се што набавките станале покомплицирани од потребното, а роковите биле се подолги.
-
Економија 03.11.2017 15:52
„О2 предизвик“: Повик за иновација за намалување на загадувањето
Со шест милиони денари ќе се потикнуваат иновативни решенија за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини.
-
Македонија 03.11.2017 15:39
Обвиненија против 10 лица за обид за убиство на Зијадин Села
Скопското Јавно обвинителство до Кривичниот суд достави обвинителен акт против десет лица за сторено кривично дело обид за убиство на Зијадин Села.
-
Свет 03.11.2017 15:35
ЕУ нема да интервенира околу налогот за апсење на Пуџдемон
Европската унија нема да интервенира околу европскиот налог за апсење, кој ќе биде издаден за поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон. Портпаролката на Европската комисија рече дека тоа е во целост прашање за правосудните органи, чија надлежност Комисијата комплетно ја поддржува.
-
Економија 03.11.2017 15:22
Дарко Димовски- единствен кандидат за претседател на ССМ
Сегашниот в.д. претседател на Сојузот на синдикати на Македонија е единствениот кандидат за нов лидер на ССМ на претстојниот вонреден конгрес најавен за 11-ти ноември.










