Вести

  • Македонија 03.11.2017 12:03

    Заев- Марковиќ: Поддршка за авиолинија Скопје- Подгорица- Сараево

    Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина прават уште еден чекор напред во регионалната соработка преку прифаќање на иницијативата на премиерот Заев за реализација на идејата за авионска линија на релација Скопје- Подгорица- Сараево, соопшти владината прес- служба.

  • Македонија 03.11.2017 11:54

    Девет години затвор за првообвинетиот за милионскиот грабеж во НЛБ банка

    Девет години и два месеца затвор за првообвинетиот Бобан Смилевски за милионскиот грабеж во НЛБ Банка. Одбраната ќе се жали, казната била превисока.

  • Свет 03.11.2017 11:40

    Јилдирим планира посета на САД

    Турскиот премиер Бинали Јилдирим идната недела ќе оди во четиридневна посета на САД. Односите меѓу двете земји-членки на НАТО се влошени поради разговорите за екстрадиција на имамот Фетула Ѓулен, кого официјална Анкара го обвинува за  неуспешниот обид за пуч.

  • Свет 03.11.2017 11:27

    Избришан Твитерот на Трамп

    На последниот работен ден, вработено лице во компанијата Твитер, на шега го деактивираше профилот на американскиот претседател Доналд Трамп. Блокадата траеше 11 минути.

  • Економија 03.11.2017 10:35

    Советот на ССМ решава за кандидатите за нов претседател

    Советот на Сојузот на синдикати на Македонија на седница одлучува кои кандидати ќе бидат предложени за иден лидер на ССМ на претстојниот вонреден конгрес најавен за 11-ти ноември.

  • Македонија 03.11.2017 10:32

    Пресуда за грабежот во НЛБ Банка

    Во Кривичниот суд ќе биде соопштена пресудата за првообвинетиот Бобан Смилевски за грабежот во НЛБ Банка. Во завршните зборови тој го призна делото, кое рече дека не е сторено за имотна корист, туку дека бил во големи долгови за кои добивал закани и уцени.

  • Македонија 03.11.2017 10:30

    Апелација ќе одлучува за „бомбите“ како доказ за „ТНТ“ и „Топлик“

    Скопска Апелација на две јавни седници ќе одлучува дали дел од прислушуваните материјали може да бидат доказ во предметот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и во предметот „Топлик“ за случајот „Сончев град“, што ги отвори Специјалното јавно обвинителство.

  • Свет 03.11.2017 10:22

    Барање за европска потерница за Пуџдемон

    Обвинителството на Шпанија бара издавање на европска потерница за апсење на разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и за уште четворица министри кои останаа во Белгија, игнорирајќи ја судската покана од Мадрид.

  • Македонија 03.11.2017 10:20

    Исплатени субвенции за обнова на приватни шуми

    Сопствениците на приватните шуми ги добија субвенциите за проширена продукција на шумите за 2016-та година. Исплатени се 21.000 евра за пошумување на сопственото земјиште со вкупна површина од 21 хекатр.

  • Македонија 03.11.2017 10:17

    Во Гњилане и Пеќ запалени македонски знамиња

    Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за осуда на членови на таканаречената „Кумановска група“ на доживотни казни затвор, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ, јавно беа запалени македонски знамиња, јави Српската државна телевизија. 

Pages