Осумдесет и шест милиони евра за обнова на 26 патишта– соопшти ресорот транспорт. Ќе се опфатат автопати, како и регионални делници. Градежните работи ќе се одвиваат во наредните две години. Министерот Сугарески очекува значително да се подобри транспортната мрежа.
Вести
-
Економија 31.10.2017 17:03
-
Македонија 31.10.2017 16:53
Водата во Гостивар безбедна за пиење
Водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење - потврди Институтот за јавно здравје. Готови се анализите на земените примероци. Епидемиолозите објаснуваат дека се покажало оти водата е бактериолошки исправна и нема присуство на пестициди.
-
Македонија 31.10.2017 16:34
Промовирана монографија по повод 20 години Македонско- германско пријателство и соработка
Ретко квалитна двојазична монографија во која од страна на тројцата автори се опфатени окулу 230 настани за 20- годишното постоење на битолското здружение за Македонско- германско пријателство и соработката.
-
Македонија 31.10.2017 16:23
Доделени 39 стипендии од фондацијата „Трајче Мукаетов“
Триесет и девет стипендии додели фондацијата „Трајче Мукаетов“ на студенти од Медицинскиот и од Фармацевтскиот факултет. Еднократна парична награда од 1.200 евра е доделена на првенците на генерациите на двата факултета, Александра Зафировска, Душко Шалабалија и Невенка Ридова.
-
Македонија 31.10.2017 16:14
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски, таткото на градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, поради основано сомнение дека преку закана со отказ на вработени во јавната и државната администрација од населбата Драчево, постапил спротивно на законот.
-
Економија 31.10.2017 16:07
Јавна расправа за предлог- буџетот в четврток, проектиран дефицит од 2,8% од БДП
Министерството за финансии в четврток ќе го претстави Предлог- буџетот за 2018-та година. Ќе се организира јавна расправа со бизнис-заедницата и невладиниот сектор. Првиот финансиер Тевдовски вели дека дефицитот е проектиран на 2,8 проценти.
-
Економија 31.10.2017 15:54
За банките стечајот е единствена опција за „Фени“, синдикалците не се откажуваат
Синдикатот на кавадаречки „Фени“ не се согласува со одлуката за отворање стечај за Комбинатот. Велат, ќе ги штитат интересите на вработените. Протестот го ставаат во мирување, машините ќе ги одржуваат во кондиција.
-
Култура 31.10.2017 15:44
Јубилејна ретроспективна изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“
Изложба на дела кои прават пресек на творештвото на Петар Мазев, следејќи ги неговиот развој и пат, од самите почетоци на 50-тите години од минатиот век, сѐ до неговата смрт во 1993 година.
-
Македонија 31.10.2017 15:02
Иванов: Македонија го запре миграцискиот бран
Помирувањето, толеранцијата, почитување на различностите и глобалната миграција - беа централните теми на кои се осврна предесдателот Ѓорге Иванов пред студентите на Оксфордскиот универзитет во Лондон.
-
Свет 31.10.2017 14:52
Пуџдемон не бара политички азил во Белгија
Разрешениот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон нема да бара политички азил во Белгија, каде што побегна заедно со пет министри, откако шпанската влада, револитрана од регионалниот референдум за независност, за прв пат во историјата на демократска Шпанија, го активираше Член 155 за преземање на










