Најмалку осум лица загинаа, а повеќемина се повредени во експлозија во Кабул, во област каде што се наоѓаат странски амбасади и владини институции.
Авганистанските здравствени власти соопштија дека досега се хоспитализирани 10 луѓе.
Најмалку осум лица загинаа, а повеќемина се повредени во експлозија во Кабул, во област каде што се наоѓаат странски амбасади и владини институции.
Авганистанските здравствени власти соопштија дека досега се хоспитализирани 10 луѓе.
Колаж од различни ритми и форми годинава ќе ги краси 13-те концерти на Есенските музички свечености. Во Скопје манифестацијата ќе биде обоена низ настапите на странските и на домашните уметници.
Македонија е рангирана на 11-то место во најновиот извештај на Светска банка „Дуинг бизнис“ 2018-та. Ова е пад од еднa позиција во однос на минатата година, кога Македонија се најде меѓу десетте најдобри држави во водење бизнис во светот.
Специјалните сили на германската полиција уапсиле 19-годишен сириец поради сомневање дека подготвувал напад за да убие што повеќе лица.
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе сончево и релативно студено време со слаб ветер од северен правец.
Утринската температура на повеќе места ќе падне под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени. Во Скопје утре до 14 степени.
Течат законските рокови за приговори до Државната изборна комисија, првиот до 19, вториот до 2 часот по полноќ. Од Комисијата известуваат, засега нема поднесено приговори на изборните резултати од вториот круг гласање во 35-те општини во земјава.
Бројот на работници во индустријата во септември бил зголемен за 3,3 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Се стравува дека повеќе од 200 луѓе загинале во инцидент што се случил на платформа за нуклеарно тестирање во Северна Кореја. Информацијата ја пренеле јапонските медиуми, наведувајќи дека работниците се наоѓале во тунелот во рамки на платформата кога се урнал врз нив.
Амбасадата на САД ги поздравува прелиминарните наоди и заклучоци на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за натпреварувачкиот дух на локалните избори, за почитувањето на основните слободи, со што е подобрен демократскиот процес.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари средби со спикерите на двата дома од британскиот Парламент.