Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис пристигна во Јужна Кореја, каде што ќе се сретне со неговиот јужнокорејски колега и со американски воени команданти со кои ќе разговара за чекори кои треба да се преземат против севернокорејската нуклеарна програма.
Вести
-
Свет 27.10.2017 12:49
-
Свет 27.10.2017 11:41
Германија: Проблеми околу миграциската политика
Преговорите за формирање на новата германска влада се одложени поради различни ставови меѓу потенцијалните коалициски партнери околу миграциските политики.
-
Македонија 27.10.2017 11:34
Проектот „Пречистителна станица за отпадни води Скопје“ на владина седница
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата 33 редовна седница.
-
Свет 27.10.2017 11:28
Нови санкции за физички и правни лица во Северна Кореја
САД соопштија дека воведуваат санкции кон седуммина високи севернокорејски претставници и три правни лица, поради сериозни прекршувања на човековите права.
-
Македонија 27.10.2017 11:20
Спасовски: Размената на информации клучна за справувањето со мигрантската криза
За нашите служби да можат да бидат ефикасни во откривањето на организираните криминални групи на криумчарење мигранти, најважна е брзата и непречена размена на информации, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на Министерскиот форум на ЕУ и Западен Балкан за правда и внатрешни работ
-
Македонија 27.10.2017 10:43
Конференција за државно финансирање на граѓански организации
Македонскиот центар за меѓународна соработка денеска организира конференција за „Предлог модел за државно финансирање на граѓански организации во Македонија”.
-
Македонија 27.10.2017 10:38
Продолжен рокот за владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи
Министерството за економија го продолжи рокот за аплицирање за владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи до 20-ти ноември годинава, за да им овозможи на што повеќе граѓани кои ги исполнуваат условите, да ги достават потребните документи предвидени со јавниот повик.
-
Македонија 27.10.2017 10:36
Џафери на конференција на претседатели на парламенти од Западен Балкан
На покана од претседателот на унгарското Национално собрание, Ласло Ковер, претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе се обрати на осмата Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Западен Балкан, што се одржува во Будимпешта.
-
Свет 27.10.2017 10:30
Трамп: Дел од документите за Кенеди ќе останат тајна
Американскиот претседател Доналд Трамп дозволи објавување на 2.891 документ поврзан со атентатот на претседателот Џон Кенеди во 1963 година, но нареди над 200 документи од обемното досие да бидат зачувани како државна тајна поради безбедносни причини.
-
Економија 27.10.2017 10:26
Зголемен интересот на земјоделците за ИПАРД 2
На последниот ИПАРД оглас од април годинава се доставени скоро 1.400 барања, а според Платежната агенција, се очекува првите договори да бидат склучени во февруари идната година.










