Првиот ден од викендот ќе ни донесе сончево и ветровито време со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер поизразен долж Повардарието.
Вести
-
Македонија 13.10.2017 16:11
-
Македонија 13.10.2017 16:07
Пресудата за „Дива населба“ одложена за 2-ри ноември
Скопскиот Кривичен суд по барање на Министерството за внатрешни работи го презакажа објавувањето на пресудата за „Дива населба“ за 2 ноември, поради ангажираност на полицијата за време на локалните избори. Судското рочиште беше закажано за 17-ти овој месец.
-
Македонија 13.10.2017 16:05
Заложба за реализација на проекти за доброто на младите
Националниот младински совет на Република Македонија поддржан од НДИ организираше потпишување на документ за исполнување на потребите на младите со кандидатите за градоначалник на Град Скопје.
-
Македонија 13.10.2017 15:13
2.500 деца од претшколска возраст со оштетен вид
Поквалитетно образование и подобра социјална вклученост за децата со оштетен вид. Од граѓанскиот сектор велат треба да се обрне внимание и на инфраструктурата, која би го олеснила нивното движење. Во пресрет на Меѓународниот ден на белиот стап, побараа поддршка од надлежните институции.
-
Свет 13.10.2017 14:58
Дваесетина затруени во кујната на Советот на Европа
Во кујната на Советот на ЕУ во Брисел се затруле околу 20 лица, откако под засега нејасни услови, во кујната „неправилно биле измешани производи“ што довело до ослободување на отровни гасови.
-
Македонија 13.10.2017 14:45
Вангеловски во проверка на АКМИС системот во гевгелискиот суд
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и раководителот на Службата за информатика, вчера во Основниот суд- Гевгелија вршеле контрола на функционирањето на АКМИС системот.
-
Култура 13.10.2017 14:41
„Кога денот немаше име“ и во Македонија
Филмот ги обработува проблемите на младата генерација и меѓуетничките тензии. Режисерката вели- кога се гледам себе си, мислам дека е моја должност да одам пред тековите на општеството и да ги поставувам вистинските прашања во однос на некои есенцијални проблеми кои се однесуваат на сите нас.
-
Економија 13.10.2017 12:55
Раст на прометот во индустријата
Прометот во индустријата во август годинава во однос на истиот период лани е поголем за 4,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците, прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи пад од од 5,2 проценти, а на странски пазари пораст од 7,5 отсто.
-
Македонија 13.10.2017 12:46
Доверливиот изборен материјал доставен до Општинските изборни комисии
Избирачкиот список, печатите, гласачките ливчиња и кутиите се дистрибуирани во Општинските изборни комисии. До утре, пак, тие треба да го предадат изборниот материјал на избирачките одбори.
-
Свет 13.10.2017 12:28
Сирија: Турската армија се распоредува во Идлиб
Турската армија почна да поставува набљудувачки пунктови во сириската северозападна област Идлиб, кадешто турција најави дека ќе го спроведе планот за создавање на безбедна зона.










