Државната изборна комисија изутрината почна со дистрибуцијата на доверливиот изборен материјал на општинските изборни комисии за локалните избори закажани за 15-ти октомври.
Вести
-
Македонија 12.10.2017 10:17
-
Свет 12.10.2017 10:14
Русија: Протестна нота до Вашингтон
Руската амбасада му врачи протестна нота на Вашингтон поради отстранувањето на руските знамиња од конзулатот во Сан Франциско кој е под контрола на американските власти.
-
Македонија 12.10.2017 10:10
Технички проекти за бачила
Овчарите и козарите се најзаинтересирани за бесплатните технички проекти за инвестиции во мандри за производство на традиционални видови на сирење. Во овие проекти имаат на располагање целосни пресметки за објектот и за изгледот на идната или за реконструкција на постоечката мандра.
-
Македонија 12.10.2017 09:48
Сончево време, температура до 27 степени
Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево, наутро свежо, преку денот потопло. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 20 до 27 степени. Во Скопје ќе биде сончево со температура од четири до 24 степени.
-
Економија 12.10.2017 08:05
Меморандум за рестартирање на „Југохром“
Во Владата денеска ќе биде потпишан меморандум за разбирање за рестартирање на „Југохром“. Целта е придонес во изнаоѓањето решение за надминување на состојбата на работењето на друштвото- велат од Владата.
-
Македонија 12.10.2017 08:00
Димитров на состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска ќе се обрати на сесија на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.
-
Македонија 11.10.2017 09:47
Честитка од претседателот Иванов по повод 11-ти Октомври
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.
-
Македонија 11.10.2017 09:43
Македонија го празнува 11 Октомври- Денот на антифашистичкото востание
Седумдесет и шест години од почетокот на антифашистичкото востание и Народноослободителната војна ќе бидат одбележани со повеќе настани организирани од Владата, Собранието, Сојузот на борците и општините Прилеп и Куманово.
-
Македонија 11.10.2017 09:35
Сообраќајот по суви коловози и без застои
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, без застои, соопшти АМСМ.
Целосно е нормализиран и сообраќајот на магистралниот пат А3 Делчево-Македонска Каменица на м.в.„Лештаро“ атар на с.Драмче, кој синоќа беше во прекин поради сообраќајна незгода.
-
Свет 10.10.2017 16:26
Северна Кореја: САД се обидоа да го убијат Ким Јонг- Ун
Државната новинска агенција на Северна Кореја тврди дека Соединетите Американски Држави се обиделе да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун. Првото соопштение за обид за атентат со биолошко оружје од мај е надополнето со вмешаност на ЦИА.









