За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и надпросечно топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Утре максималната температура ќе достигне до 35, а во недела до 37 степени.
За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и надпросечно топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Утре максималната температура ќе достигне до 35, а во недела до 37 степени.
Силна експлозија рано изутрината оддекна во метро станицата „Парсонс грин“ при што биле повредени најмалку 18 патници, вклучувајќи и едно десетгодишно дете. Според британските медиуми, експлодирал контејнер во момент кога на метро станицата имало голем број луѓе, што предизвикало општа паника.
Дваесеттина тони прехранбени производи се првата пратка од македонските производители за пазарот на Руската Федерација, која што ќе биде дистрибуирана преку Македонскиот трговски дом од Москва.
Универзитетите ги отворија вратите за новата генерација студенти. На првиот академски час највозбудени бруцошите. Велат- за струката за која се определиле очекувања се безгранични. Свесни се дека претстојат сериозни задачи и предизвици, но академското чувство сепак е неспорно.
Дисциплинските постапки за 32 административци од Генералниот секретаријат на Владата се ставени во мирување и со тоа непочитувањето на Изборниот законик е отстрането, заклучија Антикорупционерите. Ова е одговорот на Александар Колевски и триесетина други кои поднесоа приговор до Комисијата.
Прометот во индустријата во јули во однос на јуни годинава е намален за 9,1 процент, а споредено со јули лани за 2,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
И покрај новиот пакет санкции од Обединетите нации, Северна Кореја продолжува да ја развива и спроведува озлогласената нуклеарна програма која ја држи во неизвесност светската политичка сцена. Најновиот проектил прелета над јапонскиот остров Хокаидо и заврши в море.
За Меѓународниот ден на демократијата премиерот Заев во видеобраќање изјави дека мора да се зајакнуваат демократските институции за мир и стабилност. Продолжуваме со остварување на непосредната демократија за заштита на човековите права и слободи, вели премиерот.
Владата ја издаде публикацијата со резултатите од работата во првите 100 дена.
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе го објави четвртиот извештај за сработеното за изминатиот шестмесечен период.