АД ЕЛЕМ прави напори да се зголеми производството на електична енегрија и да се минимизира потребата од увоз, информираа од компанијата. Генералниот директор Миновски, нагласи дека производството опаѓало во последниве десетина години.
Вести
-
Економија 18.09.2017 11:09
-
Македонија 18.09.2017 11:04
Врховен суд: Расправа за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ
Врховниот суд, по барање на Специјалното јавно обвинителство, треба да расправа за законитоста на одлуката на скопскиот Кривичен суд да не биде замрзнат дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, во предметот „Талир“ кој се однесува на финансирањето на партијата.
-
Македонија 18.09.2017 10:57
Неуспешен референдум во Ново Село
Неуспешен референдумот во општина Ново Село, бидејќи не е исполнет потребниот цензус на излезеност од 50 насто, плус еден од запишаните 11.432 граѓани. Жителите на општината се изјаснуваа дали се за или против изградба на рудникот за бакар и злато Иловица на Огражден.
-
Свет 18.09.2017 10:54
Жртви и повредени во невремето во Романија
Осум лица загинаа, а над 60 се повредени во бура во западна Романија. Поројниот дожд и силниот ветер предизвикаа прекин на електричната енергија, блокираа патишта и корнеа дрвја.
Романскиот претседател Јоханис изрази сочувство до семејствата на жртвите и настраданите во невремето.
-
Македонија 18.09.2017 10:52
Ново рочиште за „Диво насеље“
Ново рочиште за случајот „Диво насеље“. Се очекува завршен збор на обвинетиот Дем Шеху. Инаку, двајца од обвинетите не го признаваат судот и ги бојкотираат рочиштата.
-
Македонија 18.09.2017 10:50
Прво рочиште за „Сопот“ откако СЈО го презеде случајот
Во скопскиот Кривичен суд е закажано рочиште за случајот „Сопот“, прво откако Специјалното јавно обвинителство го презеде предметот.
-
Македонија 18.09.2017 10:46
ДИК со жребка ќе го одреди редоследот на листите за локалните избори
Државната изборна комисија (ДИК) со жребка утре ќе го утврди редоследот на гласачкото ливче за локалните избори на 15-ти октомври. Во трка се две коалиции и девет политички партии.
-
Македонија 18.09.2017 10:34
Коѕијас и Гутереш разговарале за прашањето за името
Прашањето за името, Кипар и реформите во Обединетите Нации, главни теми на синоќешниот разговор меѓу грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.
-
Свет 18.09.2017 10:29
Средба Тилерсон - Лавров во Њујорк
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа на маргините на годишната сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
-
Македонија 18.09.2017 10:25
Оризот на нивните добро напредува
Годинава високите температури и оптималните количества на вода за наводнување, според земјоделските стручњаци, се добри за оризот кој досега успешно напредува, особено од почетокот на август кога се формираше зрното во класот.









