По пустошот на Карибите и на Флорида, бурата „Ирма“ продолжува да се движи кон северот на Соединетите Американски Држави, предизвикувајќи штета и на местата каде што многумина се обидоа да се засолнат.
Вести
-
Свет 12.09.2017 12:25
-
Македонија 12.09.2017 11:54
МАНУ: Потребна е стручна и научна дебата за Законот за јазиците
Пред усвојувањето на Предлог- законот за употреба на јазиците во Собранието е потребна стручна и научна расправа, со учество на лингвисти, правници, социолози, смета Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
-
Македонија 12.09.2017 11:48
Владата ќе расправа за ЕУ фондовите и напредокот во процесот на евроинтеграција
На владината седница се најновите информации за користење и имплементација на фондовите од Европската унија, за напредокот во процесот на европска интеграција, и за реализацијата на приоритетите за влез во НАТО.
-
Свет 12.09.2017 11:40
Русија ќе ги тужи САД поради дипломатскиот имот
Русија ќе ги тужи САД поради ситуацијата со рускиот дипломатски имот, изјави заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков. Тоа брзо ќе го направиме, нема да го пролонгираме прашањето, посочил тој по состанокот со американскиот заменик-државен секретар Томас Шенон во Хелсинки.
-
Свет 12.09.2017 10:55
ОН: Поостри санкции за Северна Кореја
Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција за поостри санкции за Северна Кореја, поради нејзините ракетни тестирања. Русија и Кина, исто така, го поддржаа документот што го предложија САД, со кој се забранува извозот на јаглен, олово и морски плодови.
-
Македонија 12.09.2017 10:36
Јавна седница во Врховен суд за случајот „Монструм“
По неколкукратно одложување, во Врховниот суд треба да се одржи јавна седница за да се разгледаат жалбите на обвинетите за доживотните затворски казни за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.
-
Македонија 12.09.2017 10:32
Министерот Димитров во работна посета на Велика Британија
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре ќе престојува во прва работна посета на Велика Британија. Домаќин му е британскиот државен министер за Европа, Сер Алан Данкан.
-
Свет 12.09.2017 10:28
Поплави во Џексонвил, без струја две третини од домовите
Екипите во Мајами се на терен. Се расчистуваат остатоците од разорната „Ирма“ која стигна на Флорида за време на викендот. Движејќи се кон север, ураганот ослабна до тропска бура, но прогнозите сѐ уште се опасни. На Флорида се пријавени четири смртни случаи.
-
Економија 12.09.2017 10:16
Краен рок за пријавување на субвенции
До 15-ти септември земјоделците можат да поднесуваат барања за субвенции.
-
Македонија 12.09.2017 08:17
Претседателот на словенечкиот Државен збор во Македонија
Претседателот на Државниот збор на Република Словенија Милан Брглез денеска во официјална посета на земјава. Ќе има обраќање во Собранието на Република Македонија.










