Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), заклучно со вчера, кога заврши јавниот увид во Избирачкиот список, увид извршиле вкупно 21.594 граѓани, информираат од ДИК.
Вести
-
Македонија 11.09.2017 07:37
-
Македонија 11.09.2017 07:33
МНР: Нема повредени или загинати македонски државјани во налетот на ураганот Ирма
Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД и досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани во погодените подрачја од ураганот Ирма, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи.
-
Свет 11.09.2017 07:28
Ирма се намали на трета категорија, Мајами поплавен
Ураганот Ирма ослабна на категорија три кога го погоди јужниот дел на Флорида, каде ги поплави улиците на Мајами и остави околу 1,8 милиони домови и фирми без електрична енергија.
Националниот центар за урагани соопшти дека ветерот достигнал брзина од 195 километри на час.
-
Свет 07.09.2017 17:04
ЕУ: Границата меѓу Северна Ирска и Ирска отворена и по Брегзит
Европската комисија ги утврди своите принципи за политичкиот дијалог за Ирска и Северна Ирска во преговорите со Велика Британија за Брегзит.
-
Македонија 07.09.2017 16:43
Подобрување на квалитетот на образованието
Наставникот e пренесувач на знаењето, а ученикот пасивен примател. Во Македонија доминираат традиционалните методи на настави, велат податоците од некои граѓански организации.
-
Македонија 07.09.2017 16:33
Собранието донесе одлука за распишување оглас за нов јавен обвинител
Собранието во рамки на 12-тата седница донесе одлука за распишување на оглас за именување нов Јавен обвинител. Предлогот беше подддржан од парламентарното мнозинство со 61 глас „за“, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала.
-
Култура 07.09.2017 16:09
Катедра за современ танц на универзитетот во Штип
На Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се отвора Катедра за современ танц. Програма дизајнирана како тригодишен циклус, во која преку интензивна практична и теоретска настава, студентите ќе добијат комплетно академско образование во областа.
-
Македонија 07.09.2017 16:03
Зелено светло за Законот за јазиците во Комисијата за европски прашања
Ова беше епилогот од тридневната дебата на комисијата за европски прашања по предлог- законот за употреба на јазиците. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше. Предлогот не само што е противуставен, туку се потсмева на Уставот и на Охридскиот договор.
-
Македонија 07.09.2017 15:47
Димитров во Талин на министерски состанок на ЕУ и земјите- кандидати за членство
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска и утре во Талин, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
-
Култура 07.09.2017 15:45
Алаѓозовски во Небрегово: Конески- џин на македонската писменост
Блаже Конески е великан на македонската национална мисла, џинот од Небрегово не задолжи со неговиот огромен придонес за македонскиот јазик и култура, истакнаа учесниците на денешниот свечен собир во родната куќа на Конески во Небрегово, еден од настаните преку кои се слави нашата независност.









