Увид во Избирачкиот список за локалните избори во подрачните единици на Државната изборна комисија (ДИК) и во нивните канцеларии ширум земјата до вчера извршиле 4.579 граѓани. Граѓаните вршат увид во Избирачкиот список и преку веб страната на ДИК.
Вести
-
Македонија 25.08.2017 15:01
-
Македонија 25.08.2017 14:55
Метео: За викендот сончево и топло, пад на температурите од вторник
За време на викендот во Македонија ќе се задржи сончево стабилно и потопло време со слаб ветер од променлив правец.
Утре дневната температура ќе достигне до 36, а во недела до 38 степени. Утрата и натаму ќе бидат свежи со пониски минимални температури.
-
Економија 25.08.2017 14:52
Расте доходовната нееднаквост
Расте доходовната нееднаквост во земјава- соопшти Министерството за финансии. Од ресорот информираат дека 3 проценти од населението имаат богаство како половина од вработените. Еден процент имаат месечен доход над 1.523 евра, додека 50 насто заработуваат под 212 евра месечно.
-
Македонија 25.08.2017 14:50
Дачиќ и Димитров за нормализирање на односите
Средба на шефовите на српската и на македонската дипломатија, Ивица Дачиќ и Никола Димитров во Ниш, Србија, на која што треба да се операционализира телефонскиот договор меѓу претседателот на Србија, Вучиќ и македонскиот премиер Заев.
-
Македонија 25.08.2017 14:44
Европските либерали со поддршка за Македонија
Македонија одамна требаше да ги почне преговорите за членство со Унијата, но се знае од каде доаѓа проблемот, тврди претседателот на Европските либералдемократи, Ханс ван Бален.
-
Македонија 25.08.2017 14:27
Родовата дискриминација е присутна во земјава
Од седумдесетина претставки за дискриминација годишно, дури 40 се однесуваат на оневозможен пристап до работа. Жените, Ромите, луѓето од ЛГБТ заедницата и оние со попреченост, се најчести жртви на обесправеност од страна на работодавачите. Слични проблеми има и во други земји на ЕУ.
-
Економија 25.08.2017 14:21
Награди за најдобрите 18 рудари
Илчо и Добри работат во рудниците 29, односно 32 години. Велат дека времето го прави своето, условите за работа се целосно изменети, новата механизација овозможува полесна работа и далеку поголемо производство, а охрабрува интересот на младите за вработување во рудниците.
-
Свет 25.08.2017 13:56
Пет години затвор за првиот човек на „Самсунг“
Судот во Сеул му одреди петгодишна затворска казна на шефот на јужнокорејскиот гигант „Самсунг“, Ли Џае Јонг поради давање поткуп и други дела поврзани со корупција.
-
Македонија 25.08.2017 13:54
Османи: Парите од ИПА да се користат за европеизација на државата
Македонија искористила 70 проценти од парите од ИПА 1 програмата, пропаднале 150 милиони евра. Надлежните сметаат дека мора да се остранат слабостите на системот.
-
Економија 25.08.2017 12:52
Пониски цени на дел од услугите на Катастар
Ќе се намали цената на услугите на Катастарот за недвижности за 50 насто. Дел од нив, од 1-ви септември повторно ќе бидат вратени во надлежност на геодетите.










