Унапредувањето на соработката меѓу Македонија и Грција, но и процесот на мерки за градење доверба ќе биде главната тема на средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас утре во Скопје.
Вести
-
Македонија 30.08.2017 10:24
-
Македонија 30.08.2017 10:22
Продолжува судскиот процес за случајот „Диво насеље“
По годишните одмори, продолжува судскиот процес за случајот „Диво насеље“. Одбраната треба да ги презентира завршните зборови.
-
Свет 30.08.2017 10:19
Хјустон: Воведен полициски час за да се спречат грабежите
Властите на градот Хјустон воведоа ноќен полициски час поради ураганот „Харви“. Од одлуката се изземени волонтерите, спасувачките екипи и оние кои работат во периодот на кој се однесува забраната за движење. Целта е да се спречат кражби во евакуираните области.
-
Економија 30.08.2017 10:13
Привршува пријавувањето за субвенции
До 31-ви август земјоделците можат да побараат техничка помош од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, за да го запазат рокот за аплицирање до 15-ти септември.
-
Економија 30.08.2017 08:02
Договорите за државна помош со странските инвеститори ќе станат јавни
Владата донесе одлука да се покрене постапка со која ќе станат јавни сите информации и договори за доделување државна помош на странските инвеститори.
-
Македонија 30.08.2017 07:57
Пратениците се враќаат на работа
Собранието на Република Македонија од денеска почнува со работа по годишниот одмор што пратениците го користеа од 18-ти месецов. За денеска се закажани седници на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.
-
Македонија 30.08.2017 07:54
Седница на Работниот комитет за европски интеграции
Во Владата на Република Македонија денеска седница ќе одржи Работниот комитет за европски интеграции со која ќе претседава вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
-
Свет 29.08.2017 16:53
Јункер: Турција се оддалечува од Европа
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Турција предизвикува сериозна загриженост поради непочитувањето на човековите права и владеењето на правото и додаде дека со гигантски чекори се оддалечува од Европа.
-
Економија 29.08.2017 16:43
Продолжен рокот за легализација на дивоградби
За една година се продолжува рокот за легализација на дивоградбите. Од први јануари граѓаните кои досега не поднеле барање ќе можат да ја отпочнат постапката, за оние што биле во процедура или одбиени нови шест месеци да ги обезбедат потребните документи и да ја стартуваат процедура.
-
Македонија 29.08.2017 16:30
Рашковски: Кривична постапка против сите кои не доаѓале на работа, а земале плата
Поведени се дисциплински постапки против 60 лица кои земале плата, а не доаѓале на работа. Ќе биде поднесена и кривична пријава против поранешниот генерален секретар на Владата, објави актуелниот генерален секретар Драги Рашковски.









