Новото раководство на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), против поранешниот претседател, Живко Митревски најавува серија на кривични пријави. Дел од нив се за фалсификување на документи, а дел за злоупотреба на службена положба.
Вести
-
Македонија 16.08.2017 14:23
-
Македонија 16.08.2017 14:19
Скопски бизнисмен приведен по барање на СЈО
Скопски бизнисмен е приведен по барање на Специјалното јавно обвинителство. Во текот на ноќта е задржан во полициска станица.
Засега, ниту Специјалното обвинителство, ниту полицијата не откриваат повеќе детали за случајот. Се работи за предистражна постапка.
-
Свет 16.08.2017 13:15
Трамп ги обвини двете страни за Шарлотсвил
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги обвини двете страни во насилствата во Шарлотсвил, Вирџинија.
-
Култура 16.08.2017 13:05
Лешоски се повлече од Струшките вечери на поезијата
Дарко Лешоски се откажува од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Лешоски изјави дека е отворен за секаква помош кон враќањето на некогашната слава на оваа манифестација.
-
Македонија 16.08.2017 12:43
Уписи на УКИМ во четврток и во петок
Утре и в петок пријавување за упис во прва година на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Според објавениот конкурс, за запишување студенти на прв циклус студии се слободни вкупно 10.818 места.
-
Македонија 16.08.2017 12:24
Велешанец со чекан го убил соседот, повредил четири лица
Крвав инцидент во Велес. 46- годишник со чекан ја скршил влезната врата на семејната куќа на соседот и го убил. Повредил уште четворица.
-
Свет 16.08.2017 12:13
Тајван: Без струја милиони домаќинства поради човечка грешка
Поради човечка грешка, без електрична енергија останаа околу седум милиони домаќинства на островот Тајван.
-
Свет 16.08.2017 12:01
Сиера Леоне: Жртви и исчезнати во поплавите
Спасувачките екипи пронајдоа 400 трупови во поплавите во Фритаун, престолнината на Сиера Леоне. Се трага по телата на уште 500 лица во свлечиштата предизвикани од поројните дождови.
-
Македонија 16.08.2017 11:54
УХМР: Значителен пад на температурата од понеделник
Локална појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи, се очекуваат денеска и утре во попладневните часови, најавува УХМР.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време кога ќе биде и најтопло, до 38 степени на југоистокот од земјава.
-
Економија 16.08.2017 11:48
Владата бара Македонска Пошта да ги намали непродуктивни трошоци
Македонска Пошта треба да подготви програма за намалување на непродуктивни трошоци и во рок од два месеца да ја достави до Владата, одлучено е на вчерашната владина седница.








